Црна хроника
Уапсени двајца мажи од Тетовско, незаконски ловеле диви свињи
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 13.10 часот, ги лишиле од слобода 44-годишниот П. Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ. Л. од тетовско Фалише поради сомнение за сторено кривично дело незаконит лов, извести СВР Тетово.
„Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума пари, се договориле да му отстрелаат дива свиња и да му ја донесат на Љ. Л.. Дивата свиња, која била донесена со возило, е одземена и предадена на Агенцијата за храна и ветеринарство“, соопшти СВР Тетово.
Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

