Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И четвртиот министер за здравство, Меџити, со нула корективни мерки – во прилепската болница неспособноста чини животи

И четвртиот министер за здравство, Меџити, со нула корективни мерки во прилепската болница – неспособноста чини животи, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„На денот кога во јавност излегува случајот со новороденото од Прилеп, директорката на прилепската болница, Кети Смилеска, на социјалните мрежи организира партиска трибина што говори за грижата за аномалиите во болницата.
Иако Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармира за состојбата на болницата, надлежните молчат.
Прашуваме:
Дали е точно дека новороденчето што почина пристигнало во Скопје без транспортен инкубатор?
Како се организирани дежурствата во болницата?
Дали е точно дека еден педијатар дежура на две одделенија?
Дали е точно дека дежураат општи доктори и специјализанти на ортопедија и на хурургија?
Дали е точно дека со дозвола на директорката педијатри дежураат во Битола и имаат и по 15 и повеќе дежурства месечно?
Од новите распишани супспецијализации нема ниту една за неонатологија или перинатологија;
Повторно прашуваме зошто нема корективни мерки од стручните надзори во болниците во Прилеп и Битола?
Кои мерки ги преземаат Министерството за здравство и Комитетот за безбедно мајчинство и зошто воопшто не реагираат за аномалиите во овој сегмент?
Зошто ништо не се презема за лошата инфраструктура и условите за третман на пациентите“, пишуваат на социјалните мрежи од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД извесуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од улицата Хо Ши Мин лоцирани на потегот од напојната трафостаница Бутел 2 до објектот бр. 287 Б. (општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд. Температурата ќе биде во значително опаѓање.
Македонија
Засадиле 100 семки канабис на нива во Пчиња, ОЈО отвори истрага

Започнати се постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје, информираат вечерва од Јавното обвинителство. Јавните обвинители до надлежните судови доставиле предлози за определување мерка – притвор за сите тројца осомничени.
– Основното јавно обвинителство – Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени – соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште, неовластено произведувале марихуана. Засадиле 100 семки канабис на нива во месноста викана Пчиња, од кои изникнале 80 растенија што ги одгледувале и ги наводнувале, појаснуваат од Обвинителството.
На 27 септември, осомничените биле затекнати од полициски службеници додека собирале цвет од канабис.
– На лице место биле пронајдени машини за одвојување на цветот од стеблото, три пластични кофи со вкупно над четири килограми марихуана и повеќе вреќи со стебла од канабис, додаваат од Обвинителството.
За истото кривично дело и Основното јавно обвинителство – Скопје отворило истрага против едно лице, за кое во соопштението се наведува дека неовластено произведувало и држело за продажба наркотична дрога – марихуана.
– Во дворот на осомничениот на улицата „Кадињача“ во Скопје, полицијата пронашла две растенија канабис што ги одгледувал, а од домот биле одземени и 38 паковки со вкупно околу 30 грама марихуана и една дигитална вага со траги од канабис и кокаин, истакнуваат од Обвинителството.