Свет
Висок функционер на Хамас ја отфрли можноста за делумна размена на заложници

Високиот функционер на Хамас во Либан, Осама Хамдан, ја отфрли можноста за делумна размена на заложници велејќи дека палестинската милитантна група бара целосна размена на затворениците на Хамас, кои се чуваат во израелските затвори.
Хамдан изјави дека ставот на Хамас е јасен од самиот почеток и дека тоа подразбира целосна размена на затвореници и рече дека секој предлог за размена мора да ја гарантира безбедноста на киднаперите, објави „Тајмс оф Израел“.
Хамдан ги демантираш информациите дека се водат разговори за делумно ослободување на заложниците.
Тој посочи дека паралелно се водат преговори за ослободување на заложниците со странски пасоши, но изјави дека Израел ги попречува овие преговори.
Хамдан повика на слободно движење на луѓето што собираат информации за заложниците во Појасот Газа, кои се држат на разни локации.
Хамас држи повеќе од 240 заложници во Појасот Газа од 7 октомври кога го нападна јужен Израел, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина е бесна на Трамп: „Ова е злоставување“

Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина, изјави портпаролот на нејзиното Министерство за надворешни работи, опишувајќи ги тарифите што и ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп како навредливи.
Тарифите се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“, рече Лин Џијан за време на редовната прес-конференција. Тој додаде дека американските тарифи во име на реципроцитет всушност им служат на САД само на сметка на другите земји.
Минатата недела Трамп воведе 34 отсто од новите царини на кинескиот увоз, како дел од мерките што ги воведе на повеќето американски трговски партнери. Ова го зголеми вкупното ниво на царини за кинески стоки на 54 отсто, а Пекинг одговори со контрамерки.
Лин го пренасочи прашањето за потенцијалните преговори со САД на други кинески владини тела.
„Американската злоупотреба на царините ги лишува земјите, особено оние од глобалниот југ, од нивното право на развој“, рече Лин, наведувајќи ја зголемената нееднаквост меѓу богатите и сиромашните во секоја земја и посебното влијание на царините врз посиромашните земји.
Сите земји треба да се држат до консултации, заедничко одлучување и „вистински мултилатерализам“, рече портпаролот.
Тој ги повика земјите заеднички да се спротивстават на сите форми на унилатерализам и протекционизам и да го заштитат меѓународниот систем и мултилатералната трговија засновани на вредностите на Обединетите нации и Светската здравствена организација.
Европа
Идниот германски канцелар за падот на берзите: Драматично е, а може да биде и полошо

Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.
„Пазарите се во драматична состојба, што се заканува со понатамошна дестабилизација“, рече Мерц во изјава за „Ројтерс“.
Тој нагласи дека сега „е поважно од кога било Германија што побргу да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.
Мерц се залага за пониски даноци, намалување на бирократијата и пониски цени на енергијата.
Утрово продолжи насилниот пад на светските берзи. Кон средината на минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп ги потресе објавувајќи повисоки царини на увозот од очекуваното.
Додека Кина возврати со контрамерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на царинската војна, нарушувања во меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на најголемите економии, па дури и рецесија.
Поради тоа, цените на акциите утринава остро паднаа на азиските берзи, но и на европските.
Европа
Тинејџер избоден до смрт во Лондон, уапсени двајца 16-годишници

Двајца тинејџери се уапсени кога 17-годишник беше избоден до смрт во саботата во западен Лондон.
Полицијата била повикана околу 13.10 часот по пријава за напад со нож на улицата Ерконвалд во Шепердс Буш. На местото на настанот биле пронајдени две млади момчиња со убодни рани.
Еден од нив, 17-годишниот Кеирон Чарлс, починал на самото место, потврди лондонската полиција.
Уште едно 16-годишно момче е пренесено во болница со повреди што не се опасни за животот. По лекувањето, тој бил отпуштен и уапсен поради сомнение за убиство. Тој моментно е во притвор.
Третиот осомничен, исто така 16-годишен, го напуштил местото на настанот, но бил уапсен вчера рано наутро и исто така е во притвор, соопшти лондонската полиција. Истрагата за убиството е во тек.