Скопје
Градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје
По повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, делегација од Општина Кисела Вода денес положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје.
Оддавањето почит кон хероите, чие дело го чуваме и славиме, е наша чест, а обврската е да создадеме нов и модерен лик на Скопје, како и поубави денови за нашиот главен град, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

„Денешниот ден е симбол на една борба, на непокор, на храбриот македонски народ, кој застанал на вистинската страна на историјата. Пред 79 години нашето Скопје беше ослободено од фашистичкиот окупатор и неговите слуги. Им се поклонуваме на најзаслужните, на хероите што го положија својот живот и го славиме и чуваме нивното возвишено дело, а секој наш придонес кон поубав град е благодарност кон оние што ни ја подарија слободата.
Имаме обврска кон предците да ја градиме приказната за Скопје и ќе дадеме сѐ од себе да му дадеме нов, модерен лик и да го направиме град во кој ќе биде гордост да се живее. Скопје го чекаат поубави времиња! Да живее Скопје, да живее Македонија“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

