Свет
(Видео) Авион ја промаши пистата и удри во автомобил во Тексас

Мал авион ја промашил пистата при слетување на аеродром во Тексас, а потоа се излизгал и удрил во автомобил што минувал на блиската патека.
Видеото од несреќата го снимил минувачот Џек Шнајдер, а на него се гледа како авионот поминува низ ограда за време на итното слетување.
Small Plane Crashes Into Car in McKinney, Texas, Leaving 1 Injured**
A small plane crashed into a car in McKinney, Texas, on Saturday afternoon, leaving one person with minor injuries. The pilot was attempting an emergency landing at Aero Country Airport but was unable to stop… pic.twitter.com/2c5bdBUT81
— Isaak T. Ruiz (@IsaakRuizBeast) November 11, 2023
„Го видов авионот како бргу се спушта и знаев дека нема да има време да застане“, изјави Шнајдер за локалната телевизија WFAA-TV во саботата.
„Очигледно беше дека оди пребрзо. Од гумите излегуваше чад!“, раскажува тој.
Возачот на автомобилот со полесни повреди е пренесен во болница, а двете лица во авионот не се повредени, јавува Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Повлекувањето на Иран од договорот за нуклеарно оружје би било најлошото сценарио

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека повлекувањето на Иран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, по нападите на САД врз нуклеарните постројки во таа земја, би било „најлошото можно сценарио“.
Тој рече дека во наредните денови ќе разговара со претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се обиде да го зачува договорот, пренесува BFM.
„Се надеваме дека ќе има вистинско приближување на ставовите бидејќи целта е да се спречи Техеран да продолжи со своите активности за ширење“, рече Макрон.
Свет
Орбан: Ќе има последици за организирање на „Парадата на гордоста“ во Будимпешта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес предупреди дека ќе има правни последици за организирање или присуство на парадата на гордоста во Будимпешта, која е закажана за сабота.
Тој рече дека ова ја крши полициската забрана за настанот.
„Ние сме возрасни и им препорачувам на сите сами да донесат одлука, но да ги почитуваат правилата. Ако не го сторат тоа, ќе се соочат со јасно дефинирани правни последици“, изјави Орбан за државното радио, објави Ројтерс.
Премиерот нагласи дека полицијата има овластување да го растера забранетиот настан, но додаде дека Унгарија е „цивилизирана земја“ и дека задачата на полицијата е да ги убеди луѓето да го почитуваат законот.
Свет
Мерц: Германија мора да ја води Европа напред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека има намера повторно да ја направи Германија движечка сила на Европската Унија, како и дека сака да даде „личен придонес за да се осигури дека Европа успешно ќе продолжи во наредните години“.
На своето прво учество на самитот на ЕУ, кој заврши во четврток во Брисел, откако ја презеде функцијата во мај, Мерц рече дека сака да види брзо решавање на трговскиот спор на Европската Унија со Соединетите Американски Држави.
„Исто така, ја поддржувам Европската комисија во сите нејзини напори за брзо постигнување трговски договор со САД“, рече Мерц, објави Танјуг.
Рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за царини со ЕУ истекува на 9 јули, а Мерц ја обвини Европската комисија дека преговорите се „премногу комплицирани“.
Кога станува збор за војната на Израел во Појасот Газа, Мерц ги отфрли казнените мерки против таа земја или суспендирањето на Договорот за асоцијација на ЕУ со Израел, што го побараа некои земји.
Ова следеше по објавувањето на ревизорскиот извештај на ЕУ, во кој се наведува дека постапките на Израел во крајбрежната зона ги кршат воспоставените принципи на тесна соработка со меѓународната заедница.
Во заедничка изјава, шефовите на држави и влади на ЕУ ги повикаа сите страни на Блискиот Исток да покажат воздржаност и да го почитуваат меѓународното право. Тие, исто така, потврдија дека Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје, како и дека Европската Унија ќе продолжи да учествува во сите дипломатски напори за намалување на тензиите во регионот.
Мерц учествуваше и на неформален состанок на маргините на Европскиот совет во Брисел, на кој присуствуваа лидерите на 21 од 27-те земји-членки на ЕУ, кои имаат намера да развијат предлози за построга миграциска политика, чии домаќини беа Данска, Италија и Холандија.