Црна хроника
Казни за 241 возач во Скопје, 45 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон при возење, 29 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитувамат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец измамен за сума од 760 евра: преку социјалните мрежи собирал пари за лекување во странство
Вчера во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.
Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата.
Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во интернат во Битола: таткото го претепал цимерот на својот син
Во СВР Битола вчера во 14.00 часот Ј.Б.(41) од Кичево пријавил дека во неговата соба во интернат во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Г.(37) од Вевчани, татко на неговиот цимер.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична за геометар од Струга: изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена положба и овластувања“.
Тој, во својство на помлад референт – геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно – правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, внел број од друг предмет, своерачно се потпишал и во име на овластениот потписник, фалсификувајќи го неговиот потпис, и го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка.
Изготвеното лажно решение на 29.05.2024 година го испратил во Одделение за катастар на недвижности во Струга со намера да биде катастарски впишано и спроведено, додека архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш го уништил.