Скопје
(Видео) Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз
Советничката група на СДСМ и коалицијата во Скопје иако е опозицијата се грижи за интерсот на граѓаните и ќе го поддржиме субвенционирањето на ЈСП, но ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БРТ немаше денеска да зборуваме за катаклизми и хаос во јавниот превоз, рече денеска на седница на Советот на град Скопје советникот Гордан Шутаров од СДСМ.
-Ставот на СДСМ и коалицијата е јасен, гласно го кажуваме, а тој е дека го поддржуваме субвенционирањето на ЈСП затоа што тоа е во интерес на граѓаните. Особено на оние граѓани, пензионери, средношколци, студенти, коишто најмногу имаат потреба од јавниот превоз, секако заедно со сите останати граѓани кои што активно го користат јавниот превоз. Субвенциите на ЈСП ги поддржуваме. Не даваме поддршка за ново задолжување на Град Скопје затоа што 2 години се залагаме за нов концепт на јавен превоз во Скопје, тоа е БРТ, проект којшто после 2 години кочење можеби и ќе се реализира. Да не беше закочен тој проект за БТР од страна на локалната власт на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје денеска ќе имавме половина реализиран проект, со цени и спецификации како проектот тогаш што бил направен. Апелираме јавно, проектот за БРТ да започне веднаш затоа што парите, 70 милиони евра заем од ЕБОР се на наменска сметка на Град Скопје и може да бидат искористени. Овој проект како нова концепција за јавен превоз е спас за хаосот. Да беше тој проект во фаза на реализација немаше денеска да зборуваме за катаклизми, немаше денеска да зборуваме хаос во јавниот превос во Скопје, немаше да требаат нови субвенции. Затоа што тој концепт е потребен на граѓаните, рече Шутаров.
Советникот Шутаров додаде дека доколку ДПМНЕ како мнозинство во Советот не ја поддржи одлуката за субвенционирање на ЈСП Скопје ќе биде заробено.
-На ДПМНЕ не им се важни потребите на граѓаните. Доколку советничката група на ДПМНЕ ја подджи одлуката за субвенционирање на ЈСП тоа ќе биде само заради медиумите што се присутни во салата. Доколку не ги поддржи, 14 Ноември ќе биде денот на заробување на Градот Скопје, не од страна на опозицијата, туку од страна на локалната власт. Исто како што 11 години ја заробивте државата и исто како што 2 години ги држите во заложништво општините, рече Шутаров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

