Спорт
(Видео) Јокиќ пресилен за Клиперси, Индијана ја запре Филаделфија, тепачка во Сан Франциско

Неколку интересни натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер победи, Далас доживеа пораз, Индијана ја запре победничката серија на Филаделфија, а Минесота славеше седми пат во низа, откако имаше и „фрка“ на паркетот меѓу Томпсон и Мекданиелс, односно Грин и Гобер.
Денвер салвеа над ЛА Клиперс со 111:108. Нагетс ја забележаа деветтата победа во 11. натпревар сезонава, додека Клиперси го запишаа петтиот пораз по ред откако Џејмс Харден му се приклучи на овој тим.
Повторно блескаше Никола Јокиќ со 32 поени, 16 скока и девет асистенции. Пол Џорџ се истакна кај Клиперси со 35 поени, Харден уфрли 21, Каваи Ленард 15.
Далас запиша тежок пораз од Њу Орлеанс Пеликанс 101:131. Мечот го обележа лошата игра на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг. Дончиќ постигна 16, а Ирвинг поен повеќе, но заедно погодија само 11 од 29 шута.
Минесота е во победничка серија. Повторно славеа во дуелот со Голден стејт Вориорс 104:101. Работата им беше олеснета бидејќи мечот го пропушти Стеф Кари.
Овојпат Карл-Ентони Таунс ја предводеше глутницата на „волците“ со 33 поени, Ентони Едвардс кој пред неколку дена го уништи Голден Стејт додаде 20 поени. Инаку, мечот го одбележа тежок инцидент, прво се вклучија Клеј Томпсон и Мекданиелс, па почна тепачка, Дрејмонд Грин за гуша го фати Гобер, на крајот сите беа исклучени.
THINGS GETTING CHIPPY BETWEEN THE WARRIORS AND THE TIMBERWOLVES ALREADY 😱
Draymond Green had Rudy Gobert in a chokehold 😳pic.twitter.com/GRqleoD3e7
— ClutchPoints (@ClutchPoints) November 15, 2023
Индијана стави крај на победничјата серија во која беа кошаркарите на Филаделфија. Пејсерси победија со 132:126. Тајрис Халибартон постигна 33 поени, имаше 15 асистенции, засилувањето од Никс, Оби Топин додаде 27 поени. На домашните не им помогнаа ниту 39 поени на Ембиид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Ѓоковиќ е Леброн на светскиот тенис, а Синнер и Алкараз се како Битлси и Ролинг Стоунс“

Легендарниот американски тенисер Џон Мекенро смета дека Новак Ѓоковиќ не треба да се пензионира. Оваа теза ја објасни со неодамнешниот настап на Ѓоковиќ на Ролан Гарос, каде Ѓоковиќ дојде до полуфиналето.
„Зошто да се пензионира кога е сè уште конкурентен?“, прашува Мекенро во интервју за „Кориере дел Сера“ и додава:
„Тој сè уште се натпреварува со Алкараз и Синер. Има два големи адути: искуство и способност да се справи со тешки моменти.“
Потоа Американецот во суперлативи говореше за српскиот тенисер.
„Невозможно е да не му се восхитувате. Тој е Леброн Џејмс на светскиот тенис. Поради неговите години, станува сè потешко да се справи со Јаник и Карлос, но сепак е вистинско чудо. Некој што треба да го проучува науката“, вели Мекенро.
Седумкратниот шампион на Гренд слем ги пофали и првиот и вториот тенисер на планетата.
„Алкараз зрачи со харизма и тоа ги прави неговите натпревари „тензични“. Морам да кажам дека Карлос е најталентираниот тенисер што сум го видел. Тој е едноставно брилијантен. Харизмата не може да се создаде, со неа се раѓаш“, рече Мекенро и додаде:
„Јаник е поконзистентен, а она што импресионира е чистотата на неговите удари и звукот што го слушате кога ја удира топката. Никогаш не сум слушнал нешто слично. Исто така, сум импресиониран од леснотијата со која Алкараз се извлекува од тешкотиите во кои запаѓа, исто така со неверојатна леснотија. Тој е единствениот тенисер за кого би платил билет за да го гледам. Тој е најдобриот подарок што го добил тенисот по големата тројка. Би рекол дека тие двајца се како Битлси и Ролинг Стоунс.“
Конечно, споредба со „големата тројка“.
„Ни во моите најлуди соништа не можев да сонувам дека Роџер, Рафа и Новак ќе стигнат до 20 или повеќе Гренд слем титули. Сега, ако ме прашате дали Алкараз и Синнер ќе освојат 25… не знам, ми се чини лудо, но никогаш не вели никогаш. Ако има некој што може да го направи тоа, тоа се тие двајца“, подвлече Мекенро.
Спорт
(Видео) Матурин херој од сенка – Индијана ја победи Оклахома

Кошаркарските Индијана Пејсерс го добија третиот натпревар од финалната серија на НБА против Индијана на домашен терен со 116:107 и сега водат со вкупен резултат 2:1.
Во „Филдхаус“, во Индијанаполис, се водеше изедначена борба во текот на целиот натпревар, кој беше решен во последните три минути .
При резултат 98:98 Шејсерс направија серија 12:4, отидоа на 110:102 и практично го решија прашањето за победникот. Халибартон започна со тројка, а Нејсмит го зададе завршниот удар.
Одличната тимска игра, која ја краси Индијана во текот на целиот плејоф, повторно дојде до израз. Овој пат се херој од сенка беше Бенедикт Матурин, кој постигна 27 поени со четири скока и една асистенција за само 22 минути на теренот.
Халибартон беше на работ на трипл-дабл со 22 поени, девет скока и 11 асистенции, додека Паскал Сиакам имаше 21 поен.
Џејлен Вилијамс со 26 поени беше најдобар во редовите на Оклахома. МВП-то на регуларната сезона Шеј Гилџис Александар постигна 24 поени со осум скока и четири асистенции.
Титулата ќе ја освои првиот тим што ќе стигне до четири победи. Четвртиот натпревар од серијата се игра ноќта меѓу петок и сабота исто така во Индијанаполис.
Спорт
Свилар останува во Рим

Миле Свилар би можел да ја продолжи кариерата во Рим.
Голманот со српско потекло имаше одлична сезона со тимот од Рим и беше прогласен за најдобар голман на мрежата на Серија А.
Поради тоа, Рома нема нема намера да го пушти Свилар, па преговорите околу неговото останување во Рим се веќе во завршна фаза.
Олеснителна околност е тоа што Свилар сака да остане во тимот.
🚨🔴🟡 AS Roma are advancing in talks to extend Mile Svilar’s contract, deal now getting closer.
Roma have always been confident and discussions will continue on more details.
🎥🇮🇹 Gli aggiornamenti: https://t.co/m2h8dpGpH0 pic.twitter.com/NSTJMN1JLc
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 11, 2025
Свилар ќе добива 3.000.000 евра по сезона.