Култура
Изложбата „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“ во Музејот на македонската борба
Гостувачката изложба „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“ на Музејот на жртвите на геноцидот од Белград, Република Србија, ќе биде отворена денес, четврток, со почеток во 13 часот, во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.
Изложбата се состои од дела на монахињата Марија (Антиќ), член на сестринството на манастирот „Раѓање на свети Јован Крстител“ (Јасеновац, Хрватска), дел од Српската православна епархија Пакрац – Славонија, кои се инспирирани од вистинските и трагични настани што се случиле во Јасеновац за време на Втората светска војна. Изложените дела на авторката, која е калуѓерка, а не обучен визуелен уметник, се базирани на иконографските традиции и измешани со наивното, но содржат и суптилна врска со реалистичкото сакрално сликарство на Христијанската православна црква и најдобрите традиции на школата за иконопис.
Изложбата се организира како резултат на потпишаниот протокол за соработка меѓу Музејот на жртвите на геноцидот од Белград, Република Србија, и Музејот на македонската борба за самостојност.
Македонската публика ќе има можност да ја види изложбата од 16 ноември до 15 декември 2023.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Kонцерт на џез триото АУМ
Во петок, во 20 часот во Салон 19:19 ќе се одржи концерт на Џез триото АУМ.
Џез триото АУМ (AUM) е формирано во 2024 година. Со својата авторска музика ги исполнува и преминува стандардните рамки на фри џез, дум џез и современа класична музика. Како звук, зборот „АУМ“ е синоним за почетокот на Универзумот, за првиот космички звук од кој потекнува креацијата на нашата реалност. Триото АУМ со своите оригинални теми и слободни импровизации, создава уметничко искуство што ги спојува редот и хаосот, претставувајќи израз на неограничената креативност во музиката. Овој настап е планиран да биде снимен со аудио и видео, како би се продуцирал и издал и првиот албум на АУМ со име „АУМ – во живо, КИЦ 2024“ („AUM – live in KIC 2024”).
Триото е составено од Благојче Томевски (кларинет и бас кларинет), Константин Хаџи Коцев (пијано) и Драган Теодосиев (тапани). Членовите на триото се дел од повеќе состави кои редовно настапуваат на концерти и фестивали, а зад себе имаат оставено многубројни ЦД изданија кои се високо рангирани на светски ранг листи. Некои од другите состави во кои тие учествуваат се: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers, како и многу различни формации како дел од проектите „Impromptu Meetings“ и „Џез за чудаци“.
Благојче, Драган и Константин се активни џез музичари на македонската и на европската сцена и често настапуваат на домашни и странски фестивали и концерти. Меѓу највлијателните се издвојуваат „Скопје Џез Фестивал“, „Пин Конференција“ и „MENT Ljubljana“ на кои настапуваат веќе неколку пати во различни состави. Драган Теодосиев ја добива наградата „Златен Орикс“ за најдобар џез музичар во 2023та година, доделена од Скопскиот Џез Фестивал.
Култура
Ново издание на „Скомрахи“ од 1 до 5 ноeмври
Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ) и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии. Под мотото „Дионизија сега“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават од 1-ви до 5-ти ноември во повеќе простори во градот – Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави и филмови на студенти од Украина, Белгија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Чешка, заедно со оние на домаќините – студентите на ФДУ. Прграмата на 32 издание на Скомрахи 2024 вклучува и изложба за ре-употреба на театарски „отпад“, колективна перформативна прошетка низ Скопје со Лабораторијата за просторно изведувачки практики „Градот како сцена“, панел дискусија, разговори по претставите и музички настани.
Парлалено на програмата, на ФДУ ќе се одвива и работилница за развој на колективен перформанс кој ќе биде изведен на последниот ден од средбите, а во чие создавање, покрај студентите на ФДУ ќе учествуваат сите учесници на Скомрахи, студенти од Факултетот за ликовна уметност, Факултетот за музичка уметност и Одделот за дизајн и инжинеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ- Скопје, студенти од одделите Циркус и изведувачки уметности и Театрска педагогија на Академијата за уметност Фонтис од Тилбург, Холандија, како и неколку уметници од локалната дрег сцена.
Годинешните Скомрахи, целосно концепирани и програмирани од студентите на ФДУ, се инспирирани од колективното ослободување низ екстатичноста на Дионизиските церемонии. Иако припаѓаат на далечната историја Дионизиите се повеќе стануваат потребни како одговор на затвореноста, исклучивоста и насилството на денешниот свет. Наспроти нив студентите на Скомрахи повикуваат на здружување низ прегрнување на сите наши различности, посебности и противречности. И на колективно ослободување преку свечено заедништво.
Скомрасите ги повикуваат сите да се вклучат во „Дионизија сега“, започнувајќи од 1 ноември во Драмскиот театар – Скопје, со изведба на „Кралот Иби“ на Алфред Жари од студентите на ФДУ. Настаните на Скомрахи се отворени за публиката, со бесплатен влез, а целата програма е објавена на www.instagram.com/skomrahi и www.facebook.com/skomrahi. Средбите годинава се поддржани од ФДУ/УКИМ, Министерството за култура на РСМ и Europe House.
Култура
Почнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“
Почнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“ (копродукциски проект) по текст на светски познатата француска авторка Јасмина Реза, а во режија на Весна Петрушевска.
Станува збор за еден од најпоставуваните текстови на Реза, напишан во 2006 година, за кој добива и многубројни награди.
Режисерката Петрушевска го избира овој текст на оваа брутално црна комедија, која безмилосно ја разобличува современата елита, притоа користејќи иронија и сарказам за да предупреди на дволичноста на човечката природа.
Текстот изобилува со брилијантни дијалози и извонредна веродостојност на ликовите на два брачни пара, кои ги играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон (Мони) Дамевски, Наталија Теодосиевa, а кавгата меѓу двете момчиња е причината родителите да ја преземат контролата врз нивните односи.
Односите стануваат сè понапнати, ситуацијата ескалира и се претвора во меѓусебни обвинувања и општо пресметување во сè поголеми размери. Паровите водат психолошка војна, а на виделина излегуваат и долго скриените несогласувања во двата брака.