Спорт
Манчестер сити пријави рекорден профит

Откако ја освоија својата прва тројна круна минатата сезона, Манчестер сити во средата објави покрај на резултатски, минатата сезона е историска за клубот и на финансиски план.
Клубот, кој е во мнозинска сопственост на шеикот Мансур од август 2008 година, оствари приход од 712,8 милиони фунти (889,4 милиони американски долари) до јуни 2023 година, според годишниот извештај на Манчестер сити ФК Лтд., што претставува зголемување од 99,8 милиони (16,3 отсто) во однос на претходната сезона, со рекордна нето добивка од 80,4 милиони фунти.
Сити забележа раст во приходите од рекламирање, приходите од денот на натпреварите и приходите од емитување.
Комерцијалните приходи беа 341,4 милиони фунти, приходите од емитување беа 299,4 милиони фунти, а приходите на денот на натпреварите изнесуваа 71,9 милиони фунти, што е речиси двојно повеќе од рекордниот профит од претходната година од 41,7 милиони фунти.
Добивка е остварена и од продажбата на фудбалери (121,7 милиони фунти), што е значителен пораст од 79,8 отсто во споредба со претходните 12 месеци.
Сити беше на врвот на листата „Brand Finance Football 50“, со вредност на брендот од 1,51 милијарди фунти, надминувајќи го Реал Мадрид (1,46 милијарди фунти).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос ја освои титулата во Грција

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во финалето на грчката лига и ја освоија шампионската титула.
Невидени тензии владееја во Грција за време на финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, буквално беше борба на „живот и смрт“.
Дури и сопствениците на двата тима беа вмешани во сè, а Владата на Грција речиси ја прекина финалната серија, што никогаш не се случило во историјата на грчкиот спорт.
Олимпијакос го победи Панатинаикос со 85:71 во салата „Мир и пријателството“ и ја освои шампионската титула.
Ова беше четвртиот натпревар во финалната серија, а Олимпијакос победи со 3-1, завршувајќи го најдраматичното финале во грчката историја со шампионска прослава.
Шакил Мекисик беше најефикасен со 20 поени, додека Тајлер Дорси имаше 17, Еван Фурние го заврши натпреварот со 13 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алек Питерс имаше 11, а исто така и Никола Милутинов со 10 скока, додека Саша Везенков имаше само 2 поени, кој го повреди глуждот и беше изнесен од теренот.
Во редовите на Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 18 поени, додека Костас Слукас постигна 11 со 2 скока и 7 асистенции, Грант додаде 10, а Хуанчо Ернангомез имаше 9 со 9 скока.
Спорт
(Видео) Мората трагичар, Португалија ја освои Лигата на нации

Португалската фудбалска репрезентација ја освои Лигата на нации за оваа година по подоброто изведување на пенали во финалето против Шпанија.
Ова е втор пат Португалците да го освојат ова натпреварување, тие беа победници на првото, а сега станаа првата репрезентација што го освоила купот двапати.
Натпреварот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 2:2, а Португалците пенал серијата ја добија со 5:3.
Шпанците два пати имаа предност, со головите на играчите на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал, Португалците се враќаа во натпреварот преку Нуно Мендеш и Кристијано Роналдо.
Трагичар во пенал серијата беше Алваро Мората, чии удар во четвртата серија го одбрани Диого Кошта.
За најдобар играч на завршниот турнир е прогласен левиот бек на Португалија, кој на 31.мај со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Нуно Мендеш.
Спорт
Спектакл во Париз – Алкараз се врати од 0:2 спаси три меч топки и го победи Синер

Шпанецот Карлос Алкарас, во спектакуларно финале, едно од најдобрите во историјата на тенисот, успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос. Алкараз, против првиот светски рекет, Јаник Синер, се врати по негативата од два сета, во четвртиот спаси три меч топки и славше победа 4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6.
Епското финале на стадионот „Филип Шатрие“ траеше пет часа и 31 минута. Пресвртна точка во мечот беше 10.гем во четвртиот сет. Синер, кој претходни ги доби првите два сета, па Алкараз намали на 2.1, имаше три меч топки, но Алкараз волшебно се извлече, нарави брејк, а потоа во тај-брејкот изедначи на 2:2.
Во решавачкиот сет, се случи брејк на Алкараз на стартот, потоа Шпанецот во 10.гем сервираше за победа, но Синер се врати избори супер тај-брејк, во кој беше прегазен од Шпанецот со 1:0.
Алкараз и Синер прв пат играа еден против друг во Гренд слем финале. Мечот во Париз беше 12, Алкараз сега води со 8:4. Шпанецот ги доби последните пет дуели.