Македонија
АХВ: Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна од сите училишни кујни во општина Карпош, каде што се подготвува храна, каде што беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.
„Лабораториските резултати од испитаната храна, која е земена од централниот магацин на операторот со храна ‘Ванила фуд,’ кој се наоѓа во ОУ ‘Димо Хаџи Димов, се со уреден наод, исто како и мострите од четирите кујни во основните училишта во кои се приготвува храна. Тие се во согласност со правилникот за посебни барања, кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела“, велат од АХВ и додаваат:
„Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите сѐ уште не се добиени бидејќи при надзорот не е затекната подготвена храна. Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде што претходно веќе биле земени мостри, а за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на салмонела, односно тие се во согласност со правилникот за посебни барања, кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

