Спорт
Чаби Алонсо: Подобро е да се игра фудбал отколку да се биде тренер
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо изјави дека повеќе би сакал да игра фудбал отколку да го води тимот.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен за 13 месеци го предводеше тимот од зоната за испаѓање до врвот на табелата во Бундеслигата.
Баер по 11 кола е прв во поредокот со два бода повеќе од шампионот Баерн, овие два тима се уште се без пораз во Бундес лигата. Алонсо со задоволство учествува на тренинзите, а неговите атрактивни додавања и вештини можат да се видат на социјалните мрежи.
„Подобро е да кога играш“, рече Алонсо кога беше запрашан да ги спореди кариерите како играч и тренер.
Алонсо фигурира како еден од најсериозните кандидати за тренер на Реал Мадрид кога Карло Анчелоти ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, по истекот на неговиот договор.
Пред тоа, Алонсо ќе се обиде да го отстрани проклетството од клубот кој го нарекуваат уште и „Неверкузен“, бидејќи никогаш не ја освоил титулата, а пет пати бил вицешампион.
Исто така, клубот играше во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2001/2002 и остана без трофејот.
Како победник на Светското првенство, две европски првенства, две ЛШ и бројни титули во Англија, Германија и Шпанија, Алонсо во својата кариера освоил повеќе од клубот кој има 119. годишна историја.
Работата во Леверкузен е негова прва вистинска тренерска работа, претходно работеше во резервниот тим во Реал Сосиедад.
„Охрабрен сум да поставам свои критериуми на теренот, да донесувам независни одлуки и да работам на тој начин. Не се работи за тоа дека играчите се роботи, работата не е во тоа“, изјави 41-годишниот тренер.
Тој со децении работеше со многу големи тренери, како Пеп Гвардиола, Жозе Мурињо и Анчелоти, а инспирацијата ја црпи од нивните примери.
„Има одредени моменти кога размислувам – што се случи тој ден, во таа ситуација? И тие искуства ми помагаат да направам нешто, да размислувам и да пробам поинаков пристап. Сега тие искуства многу ми помагаат. Не сакам да зборувам за мојата работа како тренер со голем авторитет, бидејќи мислам дека го немам тој авторитет. Рано е за тоа, се трудам да ги слушам тренерите кои многу ги почитувам“, изјави Алонсо.
Шпанскиот тренер изјави дека жали што не соработувал со Јирген Клоп, кој постигна успех со Ливерпул.
„Би сакал Клоп да ме тренира. Тоа што го направи за клубот е неверојатно“, додаде Алонсо.
Тој не сакаше да шпекулира за титулата во Бундеслигата.
„Свесни сме дека се создаваат очекувања, но не сакаме да бидеме дел од таа креација. Сакаме да бидеме дел од она што можеме да го направиме и да видиме колку добро или колку добро можеме да заслужиме да ја заработиме таа шанса“, рече Алонсо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејан Станковиќ официјално се врати на „Маракана“
Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда, како и во 2019 година, кога за прв пат стана тренер на својот сакан клуб, го наследи Владан Милојевиќ на оваа позиција. На официјалната промоција, Станковиќ открик би променил, која е неговата голема цел, а со одбрани зборови зборуваше за Синиша Михајловиќ, но и за тандемот Александар Катаи-Мирко Иваниќ.
Владан Милојевиќ без изјава замина од Црвена звезда, преку веб-страницата на црвено-белиот тим кратко рече: „Ти благодарам за се Црвена звезда, те сакам“.
Во саботата, по последниот натпревар на клубот оваа година беше познато дека на „Маракана“ се враќа, Дејан Станковиќ, кој според српските медиуми потпишал две ипол годишен договор.
Помеѓу два мандати во Звезда, Дејан Станковиќ работеше во Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва, а се врати во клубот, како што беше наведено, за да ја освои двојната круна и да стигне до Лигата на шампионите преку квалификациите, што претходно не му успеа.
Станковиќ со тоа повторно ќе ја продолжи или поточно ќе ја заврши работата што ја започна Владан Милојевиќ, овој пат со бод заостанување во домашното првенство и голема шанса за пласман во Лигата на Европа.
Foto/ freerangestock
Спорт
Македонија назадуваше на ранг листата на ФИФА
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на последната ранг-листа на ФИФА за 2025 година.
Македонија, календарската година ја заврши на 66-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од едно место.
Македонската репрезентација задавуваше на сметка на Јордан, селекција која направи скок за две места на листата.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Хондурас, Јордан, Албанија, Буркина Фасо, Јужна Африка, Саудиска Арабија…
На новата ранг листата на ФИФА нема промени во Топ 10. На врвот е Шпанија, пред Аргентина и Франција.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор.
Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми.
По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим за време на празниците. Играчите беа измерени пред тој натпревар и ги исполнија потребните стандарди.
„Во моментот кога ќе се вратат по три дена одмор, сакам да видам како се. Можат да јадат, но сакам да ги држам под контрола“, рече 54-годишниот стратег.
Предупредувањето беше недвосмислено:
„Замислете играч кој сега е во совршена форма, но се враќа со три килограми вишок. Тој ќе остане во Манчестер, нема да патува во Нотингем“
Пристапот на Гвардиола кон подготвеноста на играчите е добро познат. Во 2016 година, тој ги отстрани членовите на тимот од тренинзите на првиот тим додека не ја достигнат својата оптимална тежина.
Поранешниот дефанзивец на Сити, Гаел Клиши, откри како познатиот Каталонец им забранил на играчите пица, одредени сокови и друга „тешка храна“.
Foto/ Depositphotos

