Македонија
Меџити на средба со Синдикатите: разговарано за подобрување на работните услови во здравството
Денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, оствари средба со претставници на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ и претставници на Самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени организации во РМ.
Министерот, како што е соопштено од неговиот кабинет, уште еднаш ја покажа својата поддршка на синдикатите, а за тоа, како што велат, сведочат и двете покачувања во текот на годинава.
На средбата се разговараше за иницијативите кои наредниот период ќе бидат подготвени од синдикалните здруженија, а се однесуваат на на корекција на коефициентите на вработените во дејноста за наредната година.
„Согласно договореното, синдикатите земаа обврска да изготват предлог-анекс за изменувањe и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на РМ со корекција на коефициентите за пресметка на платите и истиот да се достави до Министерството за здравство и до Фондот за здравствено осигурување.
Исто така беше договорено во тек на овој период, министерот за здравство со решение повторно да ја активира со работа Комисијата за изготвување пречистен текст на колективниот договор за здравствената дејност на РМ, која ќе го доработи веќе започнатиот текст, каде меѓудругото ќе бидат усогласени и сите придобивки од потпишаниот општ колективен договор за јавниот сектор“, се наведува во соопштението.
Заедно во соработка со синдикатите, се оценува во напишаното, се допринесува за подобри услови на здравствените работници кои се столбот на здравствениот систем.
„Тие се во фокус на стратешкиот план на министерот за подобрување на здравствениот систем“, истакнуваат од кабинетот на Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

