Спорт
Куќната помошничка го тужи Нејмар: Покажа толку многу нечовечност

Поранешна куќна помошничка го обвини Нејмар пред Судот за работни спорови во Париз за нелегална работа, недостојни работни услови, неплаќање прекувремена работа и отсуство на платен одмор. Според „Ле Парисиен“, кој ја откри информацијата, оваа мајка Бразилка бара отштета од 368.000 евра.
Запишувајќи го своето работно време во тетратка, Бразилката без дозвола за престој, работела 60 часа неделно, односно 20 часа повеќе од вообичаеното работно време на една домаќинка.
Нејмар го тужи и за недостојни услови за работа, неплаќање прекувремена работа и отсуство на платен одмор. Покрај тоа, таа го обвини познатиот фудбалер дека ја терал да дојде на работа 15 дена пред предвременото раѓање на нејзиното четврто дете.
„Од јануари 2021 година до октомври 2022 година, Нејмар ја искористи несигурноста на нашата клиентка за да и наметне непристојни услови за работа, кршејќи ги основните правила на трудовото право“, рекоа адвокатите на Мес Каролин Тоби и Винсент Шампетие во изјава испратена до АФП.
„Жалиме што таква личност покажа толку многу нечовечност, дури отиде дотаму што ја исфрли нашата клиентка од нејзиниот дом неколку дена пред таа предвреме да се породи“, додаваат адвокатите.
Тие истакнаа дека во јуни испратиле препорачано писмо до Нејмар со цел мирно да се реши оваа ситуација, но бразилскиот фудбалер не одговорил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Невладини организации побараа Аргентина и Меси да го бојкотираат мечот со Ангола

Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата.
Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа јужноафриканска земја. Сепак, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) сè уште не потврди дека натпреварот ќе се одржи.
Во отворено писмо упатено до АФА, националниот тим и добротворната организација Фондација Лионел Меси, четири граѓански организации ги обвинија властите на Ангола за „систематска репресија“.
Организациите, исто така, повикаа на откажување на натпреварот откако 30 лица загинаа минатиот месец во протестите против зголемувањето на цените на горивата.
„Инвестирањето милиони долари во спортски настан додека илјадници луѓе страдаат од глад, додека болниците се уриваат, а репресијата се зголемува не е легитимен приоритет, тоа е навреда на човечкото достоинство“, осудуваат овие организации, повикувајќи го Меси да направи „храбар, етички и хуманитарен чин“, барајќи откажување на овој натпревар.
Ангола е еден од водечките производители на нафта во Африка, но околу една третина од населението од речиси 38 милиони живее во сиромаштија, според податоците на Светската банка.
Спорт
Куруц ќе го пропушти Евробаскетот

Кошаркарска репрезентација на Латвија ќе биде ослабена на претстојното Европско првенство.
Балтичката селекција нема да може да смета на еден од најстандарните играчи во тимот на Лука Банки, Родионс Куруц.
Дека Куруц нема да игра на првенствотобеше јасно кога не беше во составот за „Акрополис Купот“ против Грција.
„За жал, Родионс Куруц нема да ги продолжи подготовките за Европското првенство, бидејќи службените лица на неговиот тим закажаа операција за целосно санирање на повредата на петицата“, се вели во летонското соопштение.
Куруц играше во Мурсија во последните две години, а од следната сезона ќе се врати во Евролигата каде што ќе игра за Басконија.
Латвија ќе игра на Евробаскетот во групата А со Естонија, Чешка, Португалија, Србија и Турција.
Спорт
Aжаксио замина во стечај

Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот.
На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми.
Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига 2.
Ажаксио професионален клуб во 1965 година, а неговите бои ги бранеа некои познати француски фудбалери (Мариус Трезор, Доминик Баратели, Клод Ле Роја, Себастијан Скилачи, Стефан Порато, Јохан Кавали…), Франсоа М’Пел од Конго, Романецот Адриан Муцу, мексиканскиот голман Гилермо Очоа, Бразилецот Марселињо Кариока…
Ажаксио беше шампион на втората француска Лига 2 двапати, во 1967 и 2002 година. Во еден период, тренери на овој клуб беа познатиот холандски репрезентативец Руд Крол и познатиот италијански голгетер Фабрицио Раванели.
Пред Ажаксио, банкротираше Бордо а француските медиуми пишуваат дека неколку други клубови се во тешка финансиска состојба.