Свет
За Русија се подготвува уште еден кошмар: ЕУ предлага нов пакет-санкции, цел е и синот на Медведев
Во 12-тиот пакет санкции против Русија, Европската комисија предлага воведување рестриктивни мерки, меѓу другото, и против синот на заменикот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, објави „Гардијан“ врз основа на документ до кој имал пристап.
Илја Медведев е цел на Европската комисија за наводно организирање дезинформативна и пропагандна кампања во Украина.
Меѓу 47-те лица против кои Комисијата сака да воведе санкции е и братучетката на рускиот претседател Владимир Путин, Ана Цивилева, која претседава со Фондацијата „Бранителите на татковината“, која ги поддржува руските војници што се борат во Украина.
Во срцето на предлогот, кој лидерите на ЕУ допрва треба да го одобрат на следниот самит во декември, е целосна забрана за продажба на руски необработени дијаманти во Европската Унија, што би можело да ги намали приходите на Русија за повеќе од 4,5 милијарди евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

