Скопје
Град Скопје: Реконструирана улицата Никола Карев
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска, направи увид и ја промовира реконструираната улица Никола Карев, на потегот од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски-Питу до крстосницата со улица Ѓуро Ѓоновиќ.

„За една недела по почетокот на градежните работи на улицата Никола Карев во центарот на Скопје, која беше во лоша состојба, таа е целосно реконструирана. Работевме со забрзана динамика со цел да избегнеме сообраќаен метеж во овој дел од градот, со оглед на фактот што станува збор за фреквентна улица, која поврзува повеќе клучни сообраќајници и се наоѓа во непосредна близина на меѓуградската автобуска и на железничката станица. Со реализацијата на овој проект исполнуваме уште едно ветување од програмата ‘За модерно Скопје’ затоа што потребите на граѓаните се наш приоритет“, истакна градоначалничката Арсовска.

На улицата Никола Карев се изврши реконструкција на коловозот на површина од 3.800 квадратни метри, нивелација на шахтите и на сливниците, а се постави соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Градежните работи ги изведоа екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

