Црна хроника
(Видео) Скопјанец лажно пријавил наводен обид за грабнување малолетничка, признал дека го измислил настанот

Вчера, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ. Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување.
Имено, вчера, околу 19 часот, Џ. Г. во СВР Скопје пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе ‘мерцедес’ се обиделе да грабнат малолетничка , но не успеале. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна, односно нема таков случај. Потоа со пријавителот е извршен службен разговор, во кој тој признал дека го измислил настанот водејќи се од лажните објави што деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери. Во консултација со ОЈО Скопје, Џ. Г. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крвава тепачка во Виница: Со камен му го скршил черепот и паднал во кома

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда.
Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот.
Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот најпрво го фатил оштетениот за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења.
Присутни лица се обиделе да ги раздвојат, но во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата и тој од ударот паднал во бесознание. Му била нанесена тешка телесна повреда – скршеница на черепот на главата, поради која оштетениот се наоѓа во кома и е неконтактибилен, а животот му е доведен во опасност.
Јавниот обвинител, веднаш по настанот, достави предлог до Судот со кој лицето беше обезбедено со мерка притвор во траење од два пати по 48 часа со цел да се обезбедат сите потребни докази особено во поглед на здравствената состојба на оштетениот. Во текот на денешниот ден, веднаш по формалното отворање на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување редовен притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
17-годишник со остар предмет нападнал ученик во средно училиште во Кичево

Вчера во 11:45 часот во полиција е пријавено дека во просториите на едно средно училиште во Кичево, 17 – годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево.
Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.
Топ
Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци.
Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување”.
Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата.