Свет
Фондацијата на Бил Гејтс го финансира развојот на вакцината лепенка
Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ инвестира 23,6 милиони долари во американската биотехнолошка компанија „Микрон биомедијал“ за развој на масовна примена на вакцини без употреба на инјекции.
Новата технологија се базира на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички. Технологијата долго време ја поддржуваат глобалните здравствени експерти поради нејзиниот потенцијал да го зголеми опфатот со вакцинација против смртоносни болести.
Полесно е за транспорт и администрирање од традиционалните вакцини, особено во посиромашните земји, каде што вакцинирањето на децата останува предизвик. Сепак, зголемувањето на производството е пречка.
Во тест-вакцинацијата на возрасни и новороденчиња во Гамбија оваа година технологијата на „Миркон“ за вакцина против сипаници и рубеола се покажа како безбедна и ефикасна како и традиционалната и произведе сличен имунолошки одговор. Вакцината е произведена од Институтот за серум во Индија.
„Технологијата може да помогне да се отстранат клучните бариери за искоренувањето на сипаниците и рубеолата на глобално ниво“, рече Џејмс Гудсон, постар научник во одделот за имунизација во американскиот Центар за контрола и превенција на болестите, партнерска институција на „Микрон“.
Ја елиминира потребата од ладен мост за време на транспортот, а примената не бара здравствен работник. Може да им помогне и на оние што имаат страв од игли, објави компанијата во четвртокот.
Финансирањето ќе овозможи развој на производство на десет милиони фластери годишно за поголеми клинички испитувања и поширока употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

