Спорт
ФА го обвини Артета за недолично однесување
Тренерот на Арсенал, Микел Артета е обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) за недолично однесување поради коментарот на арбитражата при поразот од Њукасл во Премиер лигата.
Артета беше лут по поразот од Њукасл со 0:1, а одлуката на ВАР судијата ја нарече „срамна“.
Судијата Ентони Гордон во три наврати ја користеше ВАР технологијата и секој пат одлуките одеа во корист на Њукасл. Тренерот на лондонскиот тим има рок до вторник да поднесе жалба.
„Неговите коментари претставуваат недолично однесување бидејќи се навредливи за судиите или се штетни или ја нарушуваат играта“, соопшти ФА, пренесе Би-би-си.
Арсенал соопшти дека судењето е неприфатливо и рече дека играчите, тренерите и навивачите „заслужуваат подобро“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Пикси: Не бевме вреќа за удирање
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326792.jpg)
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Дрган Стојковиќ Пикси, во првата изјава рече дека елиминацијата од ЕП не е неуспех.
„Жал ми е што не го направивме тој чекор понатаму. Исклучително сум горд на момците. Се бореа, дадоа се од себе, но така е во фудбалот“, започна Пикси и потоа го коментираше мечот со Данска.
„Тежок натпревар, 50-50 во сите параметри. Направивме се за да одием понатаму. Не се резилевме, никој не не победи со 5:0 па ни се смеат и да не навредуваат. Не заслуживме да загубиме од Англичаните. Другите два натпревари беа тешки, тактички и резултатски. Знаев дека вечерва нема да имаме шанси, кави што имавме против Словенија. Вечерва не постигнавме гол. Одиме понатаму со кренати глави. Момците ги заслужуваат сите честитки за нивниот напор’, рече Пикси со напомена дека еден гол решил кој ќе оди во нокаут фазата.
Спорт
Српските фудбалери со концерт од свирежи испратени од стадионот во Минхен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12327019.jpg)
Фудбалската репрезентација на Србија го заврши настапот на Европското првенство. Во конкуренција на Англија, Данска и Словенија, Србите освоија два бода и завршија на последното место во групата.
Во последното коло, на Србите им требаш победа над Данска, но не успеаја. На крајот од натпреварот со концерт од свирежи беа испратени од околу 30.000 свои навивачи на стадионот во Минхен.
Репрезентативците на Србија по завршувањето на натпреварот сакаа да им се заблагодарат на повеќе од 30.000 српски навивачи кои ги бодреа, но добија свирежи, навреди, а во еден момент навивачите фрлаа пластични чаши кон нив.
Спорт
Ц групата го изедначи негативниот рекорд на ЕП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326963.jpg)
На шест натпревари во групата Ц, во која партиципираа Србија, Англија, Словенија и Данска, беа постигнати само седум гола, што на ЕП се случило само уште еднаш од воведувањето на групната фаза (1980).
Во првото коло Англија ја победи Србија (1:0), а Данска и Словенија ремизираа (1:1). Во второто Словенија и Србија, односно Данска и Англија одиграа 1:1. Последното трето коло во оваа група донсе два натпревари (Србија-Данска и Словенија-Англија) без голови.
Претходно, во 2016 година беа постигнати седум гола. Интересно и тогаш во прашање беше Ц групата. На ЕУРо 2016 во Франција во групата играа Германија, Полска, Северна Ирска и Украина.