Скопје
Муцунски: Обезбедуваме услови за модерен образовен процес во ООУ „Љубен Лапе“
Унапредувањето на образовниот процес, инвестициите во инфраструктурата и воведување нови содржини за соодветен раст и развој на учениците се високо во приоритетите на Општина Аеродром. Целта и визијата на оваа администрација е Аеродром да биде општина што ги има најдобрите услови за правилен развој на учениците и во која секој ќе може да ги достигне своите потенцијали, соопшти Општината.

Градоначалникот Тимчо Муцунски и директорката на ООУ „Љубен Лапе“, Фоника Станоева, денеска извршија увид во последните активности што се спроведоа во ова училиште, а каде што со заедничка инвестиција на училиштето и претставник на училишниот одбор учениците од прво и четврто одделение и нивните наставници добија 6 паметни системи за презентации, како и пен-таблети за модернизација на образовниот процес и реализација на наставната програма.
При својата посета градоначалникот Муцунски истакна дека овој вид инвестиции се еден од приоритетите на Општината и дека една од главните задачи на Општината ќе биде да се обезбеди подобар образовен процес и еднакви инвестиции во сите училишта на територијата на Аеродром.

„’Љубен Лапе’ е едно од основните училишта во општина Аеродром во кое минатиот период имаше значителни инвестиции. Со последните активности на Општината, училиштето и на општествено одговорни компании и поединци дечињата денес спортуваат на нови современи терени за фудбал, ракомет и кошарка, посетуваат настава во училиште со целосно реновиран долен кат, а со најновите содржини ќе бидат во тек со наставата, но и најновите светски и технолошки трендови“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;

