Спорт
(Видео) Фјури до Усик: Ти си колбас, мало грдо човече
Тајсон Фјури (35) и Олександр Усик (36) направија го одработија задолжителното соочување пред мечот на векот за обединување на титулите во тешка категорија.
Боксерскиот сепктакл ќе се одржи на 17 февруари 2024 година во Саудиска Арабија.
Фјури е шампион според ВБЦ, а Усик според ВБА, ИБФ, ВБО и Ринг.
Пред пресметката, Фјури малку бизарно го задеваше Усик дека е „колбас“ и „грдо човече“, на што Украинецот го повика да продолжи и да му дофрли нешто друго.
Погледнете го видеото:
Oleksandr Usyk's reaction to Tyson Fury hurling insults at him and his team before their press conference today…
[🎥 @Queensberry]pic.twitter.com/yTjoLLV9fo
— Michael Benson (@MichaelBensonn) November 16, 2023
Победникот од овој меч ќе стане првиот човек кој ги обединил сите титули по Ленокс Луис, кој го направи тоа со победата над Ивандер Холифилд во 1999 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче
Многу светски медиуми пред неколку дена пишуваа дека Жозе Мурињо го контактирал Кристијано Роналдо и го прашал дали сака да му се придружи во Фенербахче по истекот на договорот со Ал Наср.
Беше истакнато дека стрелецот на 68 гола на 79 натпревари за клубот од Саудиска Арабија наводно е подготвен да се врати во Европа, но доколку тоа се случи, се чини дека во моментов нема комбинации кои повторно ќе ги спојат Мурињо и Роналдо.
Во текстовите кои ја пренесоа веста, се наведува дека Мурињо му се јавил на Роналдо, го прашал дали е среќен во Саудиска Арабија и дали сака да замине. Наводно и го прашал дали ќе дојде во Фенербахче.
„Весите за Кристијано Роналдо и Фенербахче се смешни. Кристијано може да дојде во Истанбул на ручек бидејќи е на половина пат меѓу Саудиска Арабија и Португалија. А можеби ќе дојде да го види својот стар пријател Жозе. Ќе ручаме во мојот хотел“, изјави Мурињо.
Фенербахче е турски рекордер со 28 освоени првенствени титули. Мурињо го водеше Роналдо низ дел од кариерата во Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Рутинска победа на Реал кај Леганес
Фудбалерите на Реал го совладаа истоимениот домаќин со 3:0 (1:0) во мадридското предградие Леганес и се вратија на второто место на табелата во Примера.
Килијан Мбапе, по поодлго време одигра добар натпревар, го постигна првиот гол во 43. минута, а победата на Реал подоцна ја потврдија Федерико Валверде (66) и Џуд Белингем (85). Лука Модриќ влезе во игра во 83. минута на местото на Килијан Мбапе. Францускиот ас беше прогласен за играч на натпреварот.
Реал со деветтата сезонска победа стигна до 30 бода и повторно го зазеде второто место кое накратко беше минат од градскиот ривал Атлетико со 29 бода. Лидерот Барселона има 34 бодови, но и натпревар повеќе од Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Лукаку го реши „Дербито на сонцето“ – Наполи повторно е лидер во Серија А
Наполи ја победи Рома со 1:0 и се врати на челната позиција во Серија А. На дебито на Клаудио Раниери на клупата на Рома „Дербио на сонцето“ го реши екс-фудбалерот на римјаните, Ромелу Лукаку.
Лукаку, кој минатата сезона го носеше дресот на Рома, во 53.минута беше побрз од германскиот ветеран, Марс Хумелс и го постигна единствениот гол.
Наполи имаше повеќе од играта и тактички ја заслужи победата, но гостите од Рим создадоа неколку убави шанси за израмнување откако примија гол. Најдобрата пропуштија во 66. минута кога Украинецот Артем Довбик со глава ја погоди гредата.
По оваа победа, избраниците на Антонио Конте се вратија на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Аталанта, Фиорентина и шампионот Интер.
На овој натпревар на клупата на Рома дебитираше Клаудио Раниери. Поточно, за 73-годишниот тренер ова е трет пат во кариерата да го преземе кормилото на „волчицата“. Тој го наследи Иван Јуриќ, кој беше заменет по поразот од Болоња со 2:3.
Рома моментално е на 12. место на табелата со 13 бодови. Во следното коло ја пречекува Аталанта, додека Наполи гостува во Торино.