Спорт
(Видео) Албанија во Кишињев го завери пласманот на ЕУРО 2024

Foto/ EPA
Фудбалската репрезентација на Албанија, втор пат во својата историја избори пласман на едно континетално првенство. По настапот на ЕУРО 2016, Албанија ќе биде дел и од Европското првенство кое ќе се одржи наредното лето во Германија.
Албанците, вечерва во Кишињев, ремизираа со Молдавија (1:1). На табелата имаат 14 поени, три повеќе од Чешка и четири од Полска и Молдавија. Во последната рунда Албанија ќе игра против Фарските острови.
Вечерва во оваа Е група ќе се сретнат Полска и Чешка.
Молдавија се уште има теоретски шанси да дојде до второто место, но за да се оствари ова сценарио потребно е вечерва Чесите да не победат во Полска, а во понеделник тие ќе треба да победат во Чешка.
Во Кишињев, Албанија дојде до предност во 29.минута, кога од пенал погоди Цикалеши. Предноста албанските репрезенттаивци ја чуваа до 87.минута кога изедначи дефанзивецот Бабогло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ковач и наредната сезона ќе ги предводи „милионерите“ од Дортмунд

Нико Ковач од Борусија Дортмунд ја доби довербата да го предводи тимот и следната сезона.
Хрватскиот стручњак пристигна на „Вестфален“, во февруари годинава и досега го водеше тимот на 16 натпревари. Во тој период „милионерите“ победија осум пати, три пати ремизираа и пет пати загубија.
Борусија започна прилично бавно под палката на Ковач, но тимот и играта изгледаат се подобро во последно време.
На последните четири натпревари во Бундеслигата, Дортмунд трипати триумфираше, ремизирајќи (2:2) со лидерот Баерн.
Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите (3:1) за малку ќе ја надополнеја големата разлика од Барселона (0:4), покажувајќи дека можат да ги одмерат силите со најдобрите тимови на Стариот континент.
Сето ова му овозможи на поранешниот тренер на Баерн, Монако и Волфсбург да остане на кормилото и следната сезона.
„Милионерите“ моментално се на седмата позиција во Бундес лигата, а се на четири бода од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.
Спорт
УЕФА ќе менува правила во Лигата на шампионите

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) се подготвува да воведе три нови правила во Лигата на шампионите.
Оваа сезона Лигата на шампионите наместо во групна фаза првпат се играше во нов лигашки формат со 36 екипи, а иако се уште трае нокаут-фазата, се подготвуваат нови правила за претстојната сезона.
Германскиот таблоид „Билд“, наведува дека имал пристап до документацијата на УЕФА и дека следната сезона ќе стапат на сила три нови правила кои можат значително да го променат натпреварувањето.
Дефинитивно се ќе биде решено на 30 мај на голем состанок, а еве што се менува:
1. Серии од пенали наместо продолженија
Укинувањето на класичното дополнително време од 30 минути би било исклучително популарно кај голем број фанови. Во случај на нерешено, веднаш би се изведувале пенали.
2. Предност на домашен терен за најдобро пласираните
Како и во кошарката, подобро пласираните екипи би ја имале предноста на домашниот терен, тоа е правило кое би можело да заживее од следната сезона.
Екипите кои би обезбедиле Топ 8 по групната фаза од лигашкиот дел би имале предност на домашен терен во четвртфиналето и полуфиналето во зависност од позицијата.
Моментално ова правило важи само за осминафиналето, по кое има ждрепка.
3. Повторно воведување на правилото „заштита на државите“
Клубовите од иста земја можеа да играат еден против друг уште од плејофот, но и тоа може да се промени.
УЕФА размислува да го врати стариот систем од следната сезона, каде тимовите од иста земја би можеле да се сретнат само во подоцнежните фази од Лигата на шампионите.
Спорт
Погребот на папата в сабота ги одложи натпреварите во Серија А

Поради погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи во сабота на 26. април, одлучено е тој ден да не се играат натпревари од италијанската Серија А.
Според распоредот требаше да се одиграат три натпревари од 34.коло: Комо – Џенова, дербито Интер – Рома и Лацио – Парма.
Се уште не е потврдено, но италијанските медиуми навестија дека натпреварите Комо-Џенова и Лацио-Парма ќе се одиграат в недела или понеделник.
Останува непознато кога на теренот ќе излезат фудбалерите на Интер и Рома, бидејќи проблем е првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, кој Интер ќе го игра против Барселона на 30 април во Шпанија.
На табелата во Серија А водат Интер и Наполи. Двата клуба имаат по 71 бод.