Спорт
(Видео) Македонија губи 3:0 на „Олимпико“, еден гол на Дармијан и два на Киеза

Foto/ EPA
Италија и Македонија во овие моменти играа на „Олимпико“ во Рим, во квалифиакциите за пласман на Европското првенство во Германија. По првото полувреме, во кое Македонија не покажа ништо, Италија води 3:0.
Од самиот почеток „Азурите“ го диктираат темпото, го имаат поседот на своја страна (76 отсто), постигнаа гол во 12.минута, кој беше поништен поради недозволената позиција на Распадори.
Сепак македонската одбрана капитулираше пет минути подоцна. Корнер од левата страна доби Италија, комбинираа Димарко и Распадори, кој упати центаршут, а лошата поставеност на нашата одбрана ја искористи Дармијан.
Фудбалерот на Интер го постигна вториот гол во националниот тим.
Matteo Darmian’s goal for Italy against North Macedonia. 🇮🇹⚽️ pic.twitter.com/pQnH1NjXwe
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) November 17, 2023
Ниту по примениот гол македонските фудбалери не го сменија пристапот кон играта. Италија без проблем го контролира поседот и ритамот на натпреварот.
Во 38. минута Серафимов несмасно интервенираше, топката го погоди в рака. Пеналот во 40.минита го изведе Жиржињо, но неговиот удар го одбрани Димитиревски.
🚨🚨| Jorginho MISSES the penalty.
— CentreGoals. (@centregoals) November 17, 2023
Но веќе во следниот напад Италија ја зголеми предноста. Одново нашата одбрана беше лоша поставена, Барела му асистираше на Киеза кој од 20 метри ја испрати топката зад грбот на Димитриевски.
¡GOOOOL! Federico Chiesa scores for Italy! 🔥pic.twitter.com/xBvTPqfS0k
— Max Statman (@emaxstatman) November 17, 2023
До крајот на полувремето, Италија поточно Киеза постигна уште еден гол. Во 46.минута, напаѓачот на Јувентус упати удар, топката го закачи Манев, доби чудна патека и заврши во голот.
GoaL! | Italy 3-0 North Macedonia | Federico Chiesa pic.twitter.com/Q4YvQOoryZ
— Larex sports (@npaakmph) November 17, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ го декласира сонародникот Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон

Во српското дерби во третото коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Миомир Кецмановиќ со 3:0, во сетови 6:3, 6:0, 6:4. Мечот на Централниот терен траеше еден час и 47 минути.
Ѓоковиќ против сонародникот и колегата од националниот тим ја забележа 100. победа на Вилблдон. Низ историјата повеќе победи на најпрестижниот турнир во светото на тенисот имаат само Мартина Навратилова и Роџер Федерер.
Мечот против Кецмановиќ, за Ѓоковиќ имаше доза на неизвесност само во првите седум гема. Побликата уживаше во играта во тие моменти.
Осмиот гем беше пресвртница, тогаш Ѓоковиќ направи брејк, а го најави со спектакуларен поен, го доби во стилот на својот поранешен тренер Борис Бекер.
The point of 2025 Wimbledon championship – Insane stuff from Djokovic and Kecmanovic 🎾😬 pic.twitter.com/zy5jcgMoo0
— Raz (@RazOlsRF) July 5, 2025
Ѓоковиќ веднаш го искористи тоа, направи брејк, поведе со 5:3 и започна голема серија. Не само што го доби првиот сет со 6:3, туку беше немилосрден и во вториот. Не му дозволи ниту еден гем на противникот и го доби вториот сет за само 24 минути.
На почетокот од третиот сет, Кецмановиќ направи прекин на серија од девет гема, но тоа следуваше нова серија од пет гема за Ѓоковиќ. Сепак, до крајот, Кечмановиќ го направи третиот сет малку понеизвесен, израмнувајќи три гема, намалувајќи го резултатот на 5:4. Но, тоа само ја одложи јубилејната 100-та победа на Новак на Вимблдон.
За новото четвртфинале на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се бори против Алекс де Мајнор, кој го победи Дане Холмгрен со 6:4, 7:6(7:5), 6:3 во три сета.
Спорт
(Видео) ПСЖ со двајца играчи помалку го победи Баерн

Foto/ EPA/ERIK S. LESSER
Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2:0 (0:0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме.
ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1:0 во 78.минута, пет минути подоцна црвен картон доби Пачо, а во 92.минута исклучен беше и поранешниот играч на Баерн, Лукас Ернандес. Точка на натпреварот стави Услам Дембеле во 96.минута.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.