Контакт

Hitech

(Видео) Најмоќната ракета во историјата експлодира по десет минути

Објавено пред

Starship на SPACEX, вселенско летало од следната генерација развиено да носи астронаути на Месечината и подалеку, ја напушти Земјината атмосфера без екипаж, но контактот беше изгубен набргу по полетувањето. Двостепената ракета беше лансирана од лансирната рампа на Илон Маск „Starbase“ во Бока Чика, Тексас.

dobivaj vesti na viber

Во вселената требаше да лета 90 минути, но контактот беше изгубен десет минути по полетувањето, соопштија од компанијата. „Изгубивме контакт на втората етапа. Мислам дека ја загубивме втората етапа“, рече Џон Инспракер, водител на директниот пренос на SpaceX.

Системот Starship успеа да лета многу подалеку од првиот обид во април, но заврши со уште една експлозија.

Ракетата и вселенското летало безбедно се подигнаа од платформата и сите 33 мотори испукаа успешно. При последниот обид неколку мотори се исклучија предвреме.

Тогаш делот на моторот и вселенското летало Starship успешно се разделија, а Starship ги стартуваше своите мотори и се издвои. Тој процес заврши со уништување на посебен ракетен систем, кој избувна во огнена топка над Мексиканскиот залив. Но, Ѕвездениот брод само накратко успеа да го продолжи своето патување.

Неколку минути подоцна, SpaceX повторно не можеше да прими сигнал од леталото. И компанијата потврди на својот пренос во живо дека била принудена да иницира самоуништување на Starship.

Hitech

WhatsApp подготвува корисна промена

Објавено пред

Повикувањето луѓе на WhatsApp ќе стане многу полесно.

dobivaj vesti na viber

WhatsApp развива нова функција која ќе ви овозможи да повикувате луѓе директно од апликацијата, без претходно да ги зачувате како контакти во вашиот телефон, објави веб-страницата WABetaInfo.

Како што е наведено, оваа функција е достапна за тестирање на оние кои ја имаат бета апликацијата за Android, верзија 2.24.9.28.

Најверојатно, додава WABetaInfo, интернет податоците ќе се користат за повикување на овој начин, што значи дека повиците ќе бидат поевтини отколку кога ќе повикате некого во странство користејќи го „традиционалниот“ метод.

Сè уште нема детали за тоа кога оваа функција би можела да биде достапна за корисниците ширум светот, но обично не треба многу време откога ќе се појави во бета верзија.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува

Објавено пред

Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.

dobivaj vesti na viber

Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.

Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.

„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Hitech

Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто

Објавено пред

Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.

dobivaj vesti na viber

„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.

„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.

Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).

Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.

Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.

Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници...

Македонија14 часа

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски,...

Македонија18 часа

Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата...

Македонија18 часа

Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71....

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ...

Македонија19 часа

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е...

Свет20 часа

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа...

Спорт21 час

„Тоа беше несреќа“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен...

Свет22 часа

ОН го предупредија Израел да не го напаѓа Рафа: Тоа би предизвикало епска хуманитарна катастрофа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја предупреди израелската армија да не го шири нападот врз градот Рафа во...

Свет22 часа

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со нашето оружје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека Израел можеби користел оружје добиено од САД со кршење на меѓународното...

Македонија2 дена

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија2 дена

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија2 дена

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија2 дена

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија2 дена

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија2 дена

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија2 дена

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје2 дена

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа2 дена

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет2 дена

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...