Спорт
Ферстапен победи во Лас Вегас

Foto/ EPA
Макс Ферстапен ја запиша 18. победа во сезоната, откако победи и на Големата награда на Лас Вегас. Холанѓанецот славеше 53.пат во кариерата, со што се израмни на вечната листа со Себастијан Фетел. Пред него сега се само Михаел Шумахер (91) и Луис Хамилтон (103).
Трката во „градот на гревот“ беше спектакуларна, не исзвесна од почетокот до крајот, возилото за безбедност два пати излегуваше на патеката, а речиси во секој од 50.круга имаше најмалку едно преткнување. Спектаклот на патеката кулминираше во последниот круг, кога во последниот свиок Шарл Леклер му ја украде втората позиција на Серхио Перез.
Ферстапен славеше и покрај тоа што доби казна од пет секунди, пред Шарл Леклер од Ферари, кој стартуваше од пол позицијата и тимскиот колега Серхио Перез. Мексиканецот трката ја започна од 11. место.
До 10.место се пласираа Естебан Окон (Алпин), Ленс Стол (Астон Мартин), Карлос Саинц (Ферари), возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел, Фернадо Алонсо (Астон Мартин) и Оскар Пјастри (Мекларен).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид издвојува најмногу за плати од сите клубови во Европа

Реал Мадрид и во новата сезона 2025/2026 го потврдува статусот на клуб со највисоки плати во европскиот фудбал. Според податоците на специјализираните страници „Betideas“ и „Capology“, просечната годишна плата на играчите на „кралскиот клуб“ е 11,2 милиони евра.
Оваа бројка е дури за 60 проценти повисока од сумата што ја издвојуваат повеќето други европски гиганти. Интересно е што ова е сепак мало намалување во споредба со минатата сезона, кога просекот беше малку повеќе од 12 милиони евра.
Далеку зад Реал Мадрид е нивниот најголем ривал, Барселона, чии играчи заработуваат просечно 7,91 милиони евра годишно. Каталонците исто така забележаа пад, со оглед на тоа што минатата сезона просекот беше 8,5 милиони евра.
Третото место на рангирањето го зазема Манчестер сити со просечна плата од 7,43 милиони евра. Сепак, за разлика од шпанските гиганти, англискиот клуб ја зголеми својата сметка за плати за повеќе од еден милион евра во споредба со претходната сезона.
По водечкото трио следува Баерн Минхен со 7,38 милиони евра, потоа Пари Сен Жермен и Арсенал, кои издвојуваат околу 7 милиони евра за просечна плата.
Клубови со највисоки просечни бруто плати во светот
1. Реал Мадрид – 11,2 милиони евра
2. Барселона – 7,9 милиони евра
3. Манчестер Сити – 7,43 милиони евра
4. Баерн Минхен – 7,38 милиони евра
5. ПСЖ и Арсенал – 7 милиони евра
6. Ливерпул и Манчестер Јунајтед – 6 милиони евра
7. Челзи и Тотенхем – 4,5 милиони евра
Foto/ EPA/J.L. Cereijido
Спорт
Нико Ковач го продолжи договорот со Дортмунд

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, го продолжи договорот со „милионерите“ до јуни 2027 година, објави германскиот клуб.
„Нико целосно се посвети на својата улога во Дортмунд. Тој многу добро го познава фудбалот, има јасни принципи, е искрен и директен во комуникацијата и наградува добра работа“, изјави Ларс Рикен, спортски директор на Дортмунд.
Ковач, кој претходно освои трофеи со Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт, го презеде тимот во февруари кога беа 11-ти на табелата во Бундеслигата, по лошиот почеток под водство на Нури Сахин.
Под негово водство, тимот стана многу постабилен и ја заврши сезоната на четвртото место, со што ја обезбеди Лигата на шампионите.
Медиумите известуваат дека клубот преговара со Челзи за потпишување на договорот со аргентинскиот стопер Арон Анселмино, со цел зајакнување на одбраната.
„Веруваме дека тука, заедно со клубот и навивачите, можеме да постигнеме нешто посебно. Нашите разговори во последните недели го зајакнаа моето верување дека можеме да изградиме долгорочен успех врз основа на досегашните резултати и да ја вратиме Борусија таму каде што припаѓа“, изјави 53-годишниот Ковач.
Спорт
Кадилак го потврди и Серхио Перез

Кадилак од наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1. Минатата недела тимот го потврди дека еден од возачите ќе биде Валтери Ботас, а денес потврда дојде и за Серхио Перез.
Мексиканецот и Финецот имаат многу искуство зад себе, бидејќи во својата богата кариера возеа и за Ред Бул и за Мерцедес во своите најдобри сезони. Ова ќе биде интересен тим, бидејќи за прв пат ќе имаат можност да се борат за статусот на прв возач, што не беше можно ниту за Перез поради Ферстапен, ниту за Ботас поради Хамилтон.
„Потпишувањето на овие двајца возачи е голем чекор за овој нов тим. Сите ги познаваат, додека тие знаат како да бележат одлични резултати во Формула 1“, соопштија од Кадилак.
Од следната сезона, Формула 1 ќе претрпи големи промени, буквално „најбрзиот циркус“ ќе влезе во нова ера, со нов тим во името на Кадилак, кој ќе настапува во докажан состав.
Серхио Перез не е во караванот на Формула 1 оваа сезона, додека Валтери Ботас е трет возач во тимот на Мерцедес.