Спорт
Сефте за Ди Џанантонио во Катар, Бањаја е блиску до нова титула
Возачот на Гресини, Фабио ди Џанантонио, ја оствари првата победа во кралската класа.Италијанецот кој нема ангажман за следната година, победи на претпоследната трка во сезоната, Голема награда на Катар.
Популарниот Диџја, втора година по ред му донесе на Гресини триумф во Катар, бидејќи минатата сезона славеше на Енеа Бастианини, кој сега вози за фабричкиот тим на Дукати.
Ди Џанантонио претходно имаше една победа во категоријата Мото2 и две во Мото3, а најголемиот успех во најсилната класа го постигна со три секунди предност пред актуелниот светски првак и лидер во шампионатот, Франческо Бања.
Третото место во Катар му припадна на возачот на ВР46, Лука Марини.
Бањаја на три круга до крајот остана без првото место, но може да биде презадоволен од крајниот исход, бидејќи неговиот единствен конкурент за титулата, Хорхе Мартин заврши на 10.место.
Бањаја имаше одличен старт, од четвртото се проби на првото место, за разлика од Мартин кој по стартот падна од петтото на осмото место. До крајот на трката Мартин имаше проблеми со задната гума и 10.позиција беше максимунор за него.
Во пресрет на последниот викенд во Валенсија Бањаја има 21 поен повеќе од Мартин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија против Самсунспор во Конференциската лига
EPA/GEORGI LICOVSKI
Фудбалерите на Шкендија го дознаа противникот во плеј-офот, во Конференциската лига.
Ждрепката што се одржа во Лозана, ја „спои“ Шкендија со турскиот претставник Самсунспор.
Полузесоната, Самсунспор ја заврши на шестото место во турската Суперлига. Тимот што го тренира Германецот Томас Рејс (52), лошо играше во финишот, претрпе три последовни порази, а во последните пет рунди од полусезоната освои само два бода.
Шкендија на 15 февруари ќе го пречека Самсунспор, а седум дена подоцна ќе гостува во Турција.
Победникот во осминафиналето ќе игра против Шахтјор или Рајо Ваљекано.
Плеј-оф двојки во Конференциската лига:

Спорт
Зидан „објасни“ зошто Чаби Алонсо доби отказ
Зинедин Зидан се осврна на својот успешен престој во Реал, во време кога клубот се соочува со нови промени на клупата. Францускиот стручњак, кој освои три Лиги на шампиони и две титули во шпанското првенство со Реал Мадрид, ги сподели своите мисли кратко откако клубот го отпушти Чаби Алонсо и го замени со Алваро Арбелоа.
„Во Реал Мадрид, бевме достапни за играчите. За мене, тоа е она што прави нешто силно; вие сте тука за играчот. Ако не го разбирате тоа, не можете да преживеете во оваа професија. Ние сме тука за да ги поддржиме; мора да покажете дека сте тука за нив. За соблекувалната да прифати она што сакате да го имплементирате, тие мора да нè сакаат.
Ако играчите не се согласуваат со сè што ќе поставите, тренинзите, сè тоа… секогаш ќе недостасува нешто. Мислам дека тие навистина уживаа со нас на сите нивоа. Всадивме многу самодоверба кај играчите.
Поминаа низ малку тежок период и требаше да ја вратат самодовербата, формата, сè. Поставивме рамка за да го вратиме сè. Кога играчот е натпреварувачки расположен, среќен што тренира и излегува да игра натпревари, сигурно ќе ги освоите сите три Лиги на шампиони“, рече Зидан на YouTube каналот на Хамиду Мсаиди, член на неговиот поранешен стручен штаб.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дониел Мален во Рома
Холандскиот напаѓач Дониел Мален беше претставен во Рома како позајмен играч од Астон Вила до крајот на оваа сезона. Клубот од главниот град на Италија му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за ангажманот на холандскиот репрезентативец.
Сепак, клубот од Бирмингем може да очекува 25 милиони евра од Рома, што е многу поголема „втора рата“, бидејќи е потпишан договор со задолжителна откупна клаузула, доколку Рома избори пласман во Лигата на шампионите или Лига Европа.
Бидејќи тимот на тренерот Џан Пјеро Гасперини е на петтото место (води во ЛЕ) со пет бода пред Комо по 20-то од 38 кола, речиси е сигурно дека клаузулата за откуп ќе биде активирана по завршувањето на сезоната.
Мален, професионално деби го имаше во ПСВ, каде што постигна 40 гола на 81 натпревар во сите натпреварувања. Остана во Ајндховен од 2018 до 2021 година и се пресели во Дортмунд. Тој помина четири сезони во дресот на Борусија, постигнувајќи 30 гола на 94 натпревари во жолтиот дрес. Последната сезона ја помина во Вила, каде што постигна седум гола (три од нив во Лигата на Европа) на 35 натпревари.
Репрезентативецот на Холандија симболично избра да го носи бројот 14 на грбот, во својот нов клуб, како јасна алузија на легендарниот Јохан Кројф.
✍️ Donyell Malen è un nuovo calciatore giallorosso! 🐺
📄 https://t.co/pSKnxvPbTr#ASRoma pic.twitter.com/CnlBCCta8M
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 16, 2026
Foto/ depositphotos

