Свет
Предвремено родените бебиња префрлени на југот на Газа ќе бидат преместени во Египет
Вкупно 31 предвремено родено бебе беа безбедно префрлени од главната болница во Газа во друга на југот во текот на викендот и денеска ќе бидат преместени во Египет, соопштија здравствените власти.
Оваа информација доаѓа откако голем број други тешко ранети пациенти остануваат блокирани во болницата „Ал Шифа“, неколку дена откако израелските сили влегоа во болницата.
Судбината на новороденчињата го привлече светското внимание откако на фотографиите се гледа како лекарите се обидуваат да ги загреат и ставаат неколку од нив во еден кревет. Прекинот на струја ја прекина работата на инкубаторите и другата опрема, а болниците се борат и со недостиг од храна, вода и медицински материјали.
Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус, изјави дека многу болните бебиња биле евакуирани заедно со шест здравствени работници и 10 члена на персоналот и семејствата. Тој рече дека тие биле пренесени во болница во градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што добиле итна помош. Официјален претставник на ОН рече дека бебињата се изложени на ризик од сериозни инфекции, а 11 се во критична состојба.
Тимот на СЗО, кој ја посети болницата во саботата, рече дека 291 пациент сè уште се таму, вклучувајќи бебиња, пациенти со повреди со сериозно инфицирани рани и други со повреди на ‘рбетот, кои не можеле да се движат.
Израел долго време тврди дека Хамас го користи објектот за воени цели, што милитантната група го негира. Израелските војници, кои се стационирани во болницата и со денови го пребаруваат нејзиниот терен, велат дека пронашле пушки, тунел и друго оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Се чувтсвувам како идиот“: Лајчак проговори за контроверзните пораки со Епштајн
Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
„Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се чувствувам како идиот“ – рече словачкиот дипломат, откако ги препрочита пораките.
Тој призна дека имал лоша проценка и „несоодветна комуникација“, но негираше вмешаност во какви било кривични дела, нагласувајќи дека пораките биле „само глупави машки разговори“.
Лајчак објасни дека пристигнал во Њујорк во 2017 година на едногодишна функција во Обединетите нации и дека бил запознаен со Џефри Епштајн од страна на висок странски дипломат. Според него, Епштајн бил широко познат и се сретнал со бројни бизнис и политички личности од САД и од странство.
Лајчак рече дека не гледа причина да не се сретне со него, тврдејќи дека воспоставувањето контакти е дел од неговата работа, пишуваат медиумите.
„Зошто јас, човек од Словачка, не би го прифатил тоа? Тој беше вреден контакт“ – рече Лајчак, истакнувајќи дека подоцна дознал за пресудата на Епштајн за сексуален прекршок во 2008 година, но забележал дека многу влијателни личности продолжиле да се дружат со него и по тоа.
Ова, додаде тој, го навело да верува дека „не е проблем да се прави истото“.
– Мојот однос со него се темелел на зборови, а не на дела. Денес ја плаќам цената на комуникацијата и познанството со него – рече Лајчак.
Тој ги осуди злосторствата што излегоа на виделина по апсењето на Епштајн во 2019 година.
Тој, исто така, потврди дека го посетил станот на Епштајн, но рече дека биле присутни и други бизнис и политички личности.
„Немало девојки. Овој дел од животот на Епштајн ми беше непознат. Тој не зборуваше за тоа, а јас не го прашав. Мојата совест е чиста“ – нагласи Лајчак, според написите.
Фото: ЕПА
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија.
Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град.
„Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Тој додаде дека руските сили извршиле напади со „повеќе од 70 ракети и лансирале 450 напади со беспилотни летала“ во текот на ноќта.

