Спорт
Денвер загуби во Кливленд, Сакраменто славеше во Далас
Денвер Нагетс и Далас Маверикс забележаа порази изминатата ноќ во НБА лигата. Актуелните шампиони се поразени во Кливленд 121:109, а Маверикс запишаа пораз на домашен терен од Сакраменто Кингс 129:113.
Никола Јокиќ, одигра просечен меч, веројатно најлош од стартот на сезоната и покрај тоа што бројките не го покажуваат тоа. Србинот против Кливленд имаше 18 поени, 10 скока и седум асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер јуниор со 21 кош. Кливленд до победата го предводеше Гарланд со 26 поени.
Сакраменто славеше во Далас 129:113 (35:36, 35:29, 37:31, 22:17). Одличен настап имаше Сабонис, мечот го заврши со 32 поени, 13 скока и шест асистенции, два поени помалку постигна Фокс.
Лука Дончиќ беше подобар од останатите во тимот на Далас со 25 поени, десет скока и седум асистенции, Ирвинг постигна 23.
Успешен беше и Бостон на гостински терен во Мемфис (102:100). Во победничкиот тим Порзингис постигна 26 поени, со осум скока, Тејтум имаше учинок од 20 поени, девет скока и пет асистенции.
Највозбудливиот дуел беше виден во Лос Анџелес, каде Лејкерси по голема борба го совладаа Хјустон – 105:104. Леброн Џејмс постигна 37 поени, вклучувајќи го и поедничкиот од линијата за слободни фрлања на 1,9 секунди до крајот на натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хојлунд го реши Кремонезе
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, повторно беше стартер за Наполи, Во Кремона, Наполитанците славеа над Кремонезе 2:0. Елмас одигра просечен натпревар, беше заменет со Ноа Ланг в 51-та минута.
Натпреварот во Кремона мина во знакот на Расмус Хојлунд. Данецот, кој сезонава игра како позајмен играч од Манчестер Јунајтед ги постигна двата гола.
Наполи рутински го победи Кремонезе. Победата ја најави Хојлунд во 13-та минута, а истиот играч ја потврфи на истекот на првото полувреме.
По се уште некомплетното 17-то коло, Наполи е втор со 34 бода, иеден помалку од лидерот Милан. Интер е трет со 33 и натпревар помалку. Кремонезе се наоѓа на 12-то место со 21 бод.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дефанзивецот на Сити на радарот на Барселона
Фудбалерот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, е на „радарот“ на Барселона.
Каталонците влегуваат во зимскиот преоден рок со приоритет да ја стабилизираат дефанзивната линија.
Барселона мора да биде активна на пазарот, поради повредата на Андреас Кристенсен, на кого му се прогнозира долга пауза, но и поради отсуството на Роналд Араухо, за кого нема најави кога би можел да им се приклучи на соиграчите.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона во холандскиот репрезентативец гледа профил кој речиси совршено одговара на моменталните потреби на клубот. Разновиден играч кој може да покрие две позиции во одбраната.
Иако е дел од Манчестер Сити, Аке нема континуитет оваа сезона. Во Премиер лигата, тој започна само еден натпревар како стартер, додека акумулираше нешто повеќе од 700 минути на теренот во сите натпреварувања.
Новинарот Екрем Конур веќе потврди дека Барселона ја следи ситуацијата околу Аке, но исто така нагласи дека Манчестер Сити не е подготвен за лесни отстапки.
Од друга страна, Барселона, свесна за финансиските ограничувања, се обидува да најде пофлексибилен модел. Идеална опција за Каталонците би била позајмица со опција за откуп, по можност за шест месеци, за да се намали моменталниот финансиски притисок и да се остави простор за конечна одлука по завршуцвањето на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тешки денови за Иско и Бетис
Фудбалерот на Бетис, Иско, ќе мора да направи уште една долга пауза.
Ова е негова трета сериозна повреда во последните две и пол години, во кои го носи дресот на зелено-белиот клуб од Севилја.
„Има рана за која беа потребни седум конци, предизвикана од силен удар што ја му скина кожата. По ударот, се развил значителен оток низ целата нога, кој се проширил до зглобот на глуждот и предизвикал мала интраартикуларна лезија во пределот на ‘рскавицата“, објасни доктор на Бетис.
Иско се повреди на натпреварот од Лигата на Европа против Утрехт, по судир со соиграчот Амрабат.
Да ве потсетиме дека поранешниот шпански репрезентативец доживеа фрактура на фибулата во својата прва сезона во Бетис, а се повреди во втората сезона за време на пријателскиот натпревар против неговиот поранешен тим, Малага. Станува збор за нова фрактура на фибулата.
Освен за Бетис и Малага, Иско (33) во својата богата кариера играл за Валенсија, Реал Мадрид и Севилја.
За девет години во Реал, освоил сè што може да се победи.
Тој го носеше шпанскиот дрес 38 пати и постигна 12 гола.
Foto/ depositphotos

