Црна хроника
Во Тетовско се судрија трактор и „фолксфаген пасат“: возачот на тракторот тешко повреден

Вчера, во 17.10 часот, во СВР Тетово пријавено е дека во близина на клучката за тетовско Жеровјане се случила сообраќајна несреќа.
Во несреќата учествувале трактор „имт 539“, без регистарски ознаки, управуван од 33-годишниот И. Т. од тетовско Боговиње, и патничко моторно возило „фолксфаген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 67-годишниот Ш. М. од тетовско Жеровјане.
Во несреќата сопатникот од тракторот, Г. Т. (60), од Боговиње добил тешки, а возачот на „пасатот“ телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Овозможил влез на патник со мерка „апси“: кривична пријава за полицаец од скопскиот аеродром

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против С.С. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место „полицаец“ во ПС за ГП „Меѓународен аеродром Скопје“, на 12.08.2025 несовесно постапил при вршење на своите овластувања и должности односно не извршил пасошка контрола на патник кој минувал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“ при влез во државата. Со ваквото дејствие полицискиот службеник му овозможил на патникот да оствари влез преку државната граница, го ставил во поволна состојба, му овозможил лична корист и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Полицаец претепан од осуденик во затворот „Идризово“

Вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во установата, затворски полицаец бил физички нападнат од осуденикот К.А.(33) од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Четирицикл удрил во пешаци во Битолско: четворица повредени

На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп.
Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.