Македонија
Руско влијание постои но Македонија и регионот немаат закана од Русија, оценуваат Ковачевски и Столтенберг
Нема закана за бебзедноста и стабилноста на нашата земја, се бориме против руското влијание во регионот, ние сме земја на НАТО и ве увреувам дека институциите си ја вршат својата работа, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали и колку се реални најавите дека Русија има план за дестабилизација на Балканот.
„Секако дека влијание на трети земји, влкучително и на руско влијание постои во регионот, и тие секогаш се во можност да пронајдат свои истомисленици во поединци во одредени политички партии и во одредени организации, но тие не се ниту на приближно ниво на она што го поседуваат нашите институции и што го поседуваат земјите членки на НАТО, за да бидат во можност да направат било какво дестабилизирање на нашата држава“, рече Ковачевски.
Генералниот скеретар на НАТО, Јенс Столтенбрег истакна дека НАТО не гледа некоја воена закана која би дошла од Русија против било кој сојузник на НАТО или на регионот.
„Но секако остануваме претпазливи и ќе останеме обединети“, порача тој.
„Внимаваме што се случува и сме подготвени да се засилиме, и се што е потребно за да го одбраниме секој сојузник од воена закана. Продолжуваме да ја повторуваме пораката кон Русија, да се воздржат од агресивните дејства против соседите и да ја прекинат воената агресија кон Украина. Една од причините поради која Путин влезе во војна е да ја спречи Украина да влезе во НАТО, сакаше НАТО да гарантира дека нема да се шири, но тој го добива токму спротивното, а добива и нови членки Финска и Шведска“, додаде Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

