Црна хроника
Измамник од Скопје телефонски нудел автомобили, храна, превоз, превод и собрал 529.650 илјади денари од 11 лица
Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец поради бројни измами со кои довел во заблуда 11 лица и им зел вкупно 529.650 денари за помалку од една година.
Како што објави МВР, Б.А.(36) од Скопје, се сомничи за 11 кривични дела, од кои осум кривични дела „измама“ и три „измама во обид“.
„Пријавениот, во период 13 јануари до 30 октомври 2022, измамите ги вршел преку мобилен телефон, при што од оштетените противправно присвоил пари во висина од 529.650 денари. Пријавениот довел во заблуда и измамил 11 физички лица, така што лажно се претставувал и нудел разни услуги при купопродажба на возила, купување градежни материјали, прехранбени производи, превоз на стока, превод на документација и слично“, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

