Спорт
Ардa Туран: Банкарка ме измами, изгубив 13.000.000 евра

Арда Туран, поранешен фудбалер на Атлетико Мадрид и Барселона бил жртва на измама. Тврди дека без сите пари што ги заработил во текот на кариерата.
Туран тврди дека бил жртва на измамничка шема, која ја водела извесена Сеџил Ерзан, директор на Денизбанка од Истанбул.
„Ме измами. Таа ме намами со зборовите дека кој и да инвестира во фондот што таа го управува ќе заработи добри пари. И дадов повеќе од 13.000.000 евра“.
Сфатил дека е измамен кога веќе било доцна.
„Таа ги зеде сите пари што ги заработив и ме измами. Сè што заработив во текот на мојата кариера исчезна“, додаде Туран.
Истрагата на турската полиција утврдила дека Арда Туран не бил единствениот фудбалер, ниту клиент на Денизбанка кој останал без милиони.
Милион евра загубил голманот на Галатасарај, Фернандо Муслера, за 300.000 евра 300.000 евра бил измамен познатиот тренер Фатих Терим, а жртви биле и поранешните турски репрезентативци, Емре Белезоглу и Емре Чолак.
Сеџил Ерзан успеала да измами вкупно 29 лица за вкупно 44.000.000 евра. Организаторите
на оваа шема Сеџил Ерзан и четворица мажи се во притвор. Секако, пред судот ги негирале обвиненијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Недеви на карате семинар во Виндзор, Англија

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија.
Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски шампион во традиционално карате во ИАКФ/ИТКФ. Масао Кавазое 8 дан, шеф инструктор на Англија и Такаши Наито 8 дан, шеф инструктор на Италија.
Сите тројца се врвни карате мајстори членови на ИТКФ и ЈКА едни од првите и најмасовните карате организации во светот. Дејан Недев и овој пат беше еден од главните асистенти на карате семинариот во Винзор. На семинарот учествуваат над 500 каратисти од цел свет, а Македонија ја преставуваат: Камелија, Филип и Тадеј Недеви.
Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.
Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.