Свет
Израелскиот министер Бен Гвир: Договорот е неморален, нелогичен и недоволен

Јехудит Бен Гвир, шеф на партијата Отзма и министер за национална безбедност на Израел, го нарече договорот со Хамас опасен преседан кој ги повторува грешките од минатото. „Тајмс оф Израел“ пишува дека тој, веројатно, мислел на договорот од 2011 година кога повеќе од 1.000 затворени Палестинци беа ослободени во замена за еден војник на ИДФ.
Екстремно десничарскиот политичар смета дека Израел има морална должност да ги врати сите, а не само некои заложници. Тој го критикува договорот затоа што не обезбеди ослободување на сите жени и деца приведени во Газа означувајќи го како „неморален, нелогичен и недоволен“.
„Хамас го сакаше ова примирје повеќе од што било друго. Тие исто така сакаа да се ослободат од жените и децата во првата фаза бидејќи имаше меѓународен притисок. Тие сакаа во замена да добијат гориво, ослободување на терористите, запирање на акциите на ИДФ и дури и забрана за (извиднички) летови. Тие го имаат сето тоа“, истакна тој.
Тој повика на зголемена воена акција од страна на ИДФ со цел да се изврши притисок врз Хамас да се согласи на сеопфатен договор за заложниците. Тој потврди дека министрите од неговата партија гласале против договорот велејќи дека сите опции се лоши во моментот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.