Спорт
ПСЖ го откупи договорот на Гонзало Рамос
Португалскиот фудбалер Гонзало Рамос потпиша договор со Пари Сен Жермен до јуни 2028 година, објави клубот од Париз на својата официјална веб-страница.
Рамос (22) летово се пресели од Бенфика во ПСЖ на позајмица до крајот на сезоната
Челниците на „светците“ решија да ја активираат откупната клаузула и да платат 65 милиони евра за португалскиот репрезентативец трајно да се пресели на „Паркот на принцовите“.
Откако дојде во ПСЖ, Рамос одигра 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола. За португалската репрезентација постигна седум гола на 10 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хет-трик на Гризман за место во ЛШ, пресврт на Селта за опстанок во Примера
Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа на гости кај градскиот ривал Хетафе, додека Селта како домаќин во Виго забележа победа над Атлетик Билбао во натпреварите од 36. коло на шпанската Примера.
Тимот на Чоло Симеоне го победи Хетафе со 3:0 Хет-трик постигна Антоан Гризман.
Со овие три бода мадридските црвено-бели го потврдија четвртото место и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Тоа стана јасно и математички бидејќи во исто време Атлетик Билбао беше поразен во Виго од Селта со 2:1.
Баскијците поведоа преку Алекс Беренгер во 23. минута, но светло сините го свртеа резултатот во вториот дел. Јунак на победата беше 20-годишниот Уго Алварез. Тој влезе во игра во паузата меѓу двете полувремиња и најпрво му асистираше на Швеѓанецот Вилиот Сведберг за израмнување во 68.минута, а три минути подцна постигна убав гол за 2:1.
Селта сега има пет бода повеќе од Кадиз, кој се наоѓа на 18.место на табелата.
Спорт
(Видео) Челзи на чекор до Лига Европа, Јунајтед подобар од Њукасл
Фудбалерите на Челзи направија значаен чекор кон Лига Европа со победата од 2:1 (1:0) во Брајтон, додека Манчестер Јунајтед на домашен терен го победи Њукасл со 3:2 (1:0).
Со нови три бода, избраниците на Маурисио Покетино ја задржаа предноста од три бода пред Њукасл и Манчестер Јунајтед.
На југот на Англија, Челзи поведе со голот на Кол Палмер во 34. минута, за Кристијан Нкунку во 64. да зголеми на 0:2.
Рис Џејмс заработи црвен картон во 88. минута, а Челзи до крајот играше со десет играчи, а во осмата минута од судиското надополнување, Дени Велбек успеа само да го ублажи поразот на Брајтон.
Многу возбудувања имаше на „Олд Трафорд“, на крајот славеше домаќинот.
Во 31. минута Коби Мајну погоди за водство на Манчестер Јунајтед, а Арон Гордон по брз контранапад во 48. минута успеа да израмни на 1:1.
Во 57. минута Амад Диало со одличен удар од далечина зголеми на 2:1, а потоа Ерик тен Хаг направи три измени пред крајот на натпреварот.
Тој во 83. минута ги внесе Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд и Лисандро Мартинез, а само минута подоцна беше постигнат третиот гол за домашните.
Хојлунд, го постигна 15. гол во сезоната.
Во судиското надополнување, Луис Хол во 92. минута намали на 3:2, но не можеше целосно да го избегне поразот.
Во последното коло Њукасл гостува кај Брентфорд, Манчестер Јунајтед кај Брајтон, додека Челзи го пречекува тимот на Бурнмут.
Спорт
(Видео) Рајо обезбеди опстанок, Димитриевски стана клупска легенда
Фудбалерите на Рајо Ваљекано на две кола до крајот на сезоната обездени опстанок во шпанската Примера.
Рајо во 37.коло ја победи Гранада со 2:1 и покрај тоа што од петтата минута играше со фудбалер помалку. Трехо доби црвен картон.
Лежен погоди за домашните во 23.минута, а во 80. предноста ја зголеми Де Фрутос. Почесниот гол за Гранада го постигна Боје во претпоследната минута.
На оовј натпревар македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски влезе во историјата на рајо Ваљекано. Тој го одигра 190. натпревар и стана голман со најмногу натпревари во клупската историја.