Контакт

Македонија

Пендаровски се однесува како главен на селска чешма, не може да е претседател на држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Стево Пендаровски е целосно промашување поддржан од СДС и ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Тој цел мандат го помина во озборување и погрешни прогнози, а не во суштинска работа. Цел мандат не стави ниту едно вето на кој било штетен закон, кој се донесе во Собранието. Првин глумеше дека е против бугарскиот диктат, но потоа мазно го прифати на штета на Македонија кога му пристигна наредбата од „Бихаќска“. Пендаровски е човек без сопствен кредибилитет и дигнитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што дополнуваат од партијата, наместо претседател на сите граѓани, тој се претворил во локален озборувач и коментатор на состојбите во државата, без притоа да употреби каква било ингеренција и да преземе иницијатива за подобрување на состојбите.

„Се однесува како главен на селска чешма, но не може да е претседател на држава. Во интервју озборуваше како знаел многу порано за војната во Украина, но поразително е што како власт и претседател не преземаа ништо за спречување на негативните последици од војната, инфлацијата, бранот поскапувања и ред други работи, кои се докажаа дека, пред сè, се стимулирани од домашната неспособност на власта да се справи со предизвиците. Пендаровски служи за фотографирање, но не и за претседател. Тој нема способност и не треба да е претседател на државата“, завршуваат од партијата.

Македонија

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Објавено пред

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно се завршувало во период од три години, но за споредба го избра периодот од 2020 до 2022 година кога границите се затвораа и се пропуштаа само возила што пренесуваа лекови и храна.

dobivaj vesti na viber

„Царинската управа со засилени контроли постигна рекордни резултати годинава. За неполни пет месеци, поднесени се 85 кривични пријави, што е еднакво на вкупниот број пријави поднесени во тригодишен период од 2020 до 2022 година“, рече директорот Николовски.

Царинската управа изминативе месеци работела на сузбивање на долгогодишните криминали со употребувани возила, на злоупотребите и на царинските измами со увоз на храна за избегнување на плаќањето давачки и за сите се поднесени соодветни пријави.

„Годинава, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и до Основното јавно обвинителство одделението за истраги при секторот за контрола и истраги поднесе 41 кривична пријава против 32 правни и 118 физички лица за сторени кривични дела со 140 возила. Директната штета нанесена на буџетот на Македонија со избегнување плаќање давачки изнесува 14,7 милиони денари  или 239 илјади евра“, рече директорот Николовски и појасни дека измамата ја направила организирана мрежа од царински службеници, шпедитери, нотар и полициски службеник.

Откриле „мерцедес“ увезен во јули 2024 година, а прикажан како штотуку увезен, со лажно завршена царинска постапка и форензички докажано фалсификувани потпис и печат на фирма што воопшто не била поврзана со увозот на возилото. За овој случај кривични пријави се поднесени против деветмина.

Во друг случај откриле дека увозник, со помош на царински застапник, во период од 2022 до 2024 година увезувал автомобили и за нив употребувал лажни податоци за да не ги плати давачките кон државата во износ од 1,6 милион денари. На тој начин успеал да увезе вкупно 34 автомобили.

„Станува збор за 34 автомобили, со вкупна вредност 145.251 евро, при што осомничените при царинење автомобили ги декларирале како моторни возила за превоз на стока за да избегнат плаќање данок на моторни возила. За овој случај дополнително се наплатени 1,6 милион денари и се поднесени кривични пријави против две правни и две физички лица“, извести директорот Николовски.

Откриле и пет случаи во кои увозници на месо го тарифирале месото со пониски каматни стапки за да не платат 1 милиони денари или 178,9 илјади евра. Парите се наплатени, а против сторителите се поднесени соодветни пријави.

Директорот рече и дека на граничниот премин Пелинце, каде што со години немало записник за царински прекршок кој завршил со кривична пријава, спречен е обид за шверцување на злато и сребро во вредност од 2,4 милиона денари или 39 илјади евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

Објавено пред

„Со еден збор наследивме катастрофа, ова не е моја лична констатација, туку ова е констатација низ бројките кои што ги наследивме според сите статистики кои што говорат за вашето владеење“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при одговарање на пратеничкото прашање на Љупчо Николовски.

dobivaj vesti na viber

„Да потсетам наследивме Програма за субвенционирање и директни плаќања каде што огромен број на средства реално не беа исплатени кон земјоделците. Наследивме претпријатија кои што не можеа плата да поделат. Вработените во тие претпријатија немаа ниту здравствено и пензиско осигурување. Да потсетам дека во АД Водостопанство вработените немаа земено 4 месеци плата. Системите за наводнување ги наследивме во една таква катастрофална состојба што не можеме во наредните три години да ги вратиме во нормала“, појасни министерот.

Трипуновски посочи дека вработените во ЈП Национални шуми немаа плата земено додека Љупчо Николовски шеташе по светот.

„Во делот на субвенционирањето и моделот на субвенционирање велите дека сте направиле реформа, сте направиле авансна исплата. Почитуван пратеник, само во Македонија формулацијата авансна се однесува на тековната исплата, тешка манипулација“, истакна министерот Трипуновски потсетувајќи го пратеникот Николовски.

„Кажете ми еден сегмент, една земјоделска култура која што во вашето време бележи раст, каде што има добра цена, каде што има загарантиран откуп, каде што има задоволни земјоделци“, го запраша Николовски.

Трипуновски додаде дека Николовски водеше само успешна политика во трошење на државни пари на шетање.

„Изминативе 11 месеци по основ на заостанати субвенции, по основ на исплатени дополнителни интервентни мерки и тековни плаќања на субвенции исплативме преку 8 милијарди денари кон земјоделците“, нагласи тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Објавено пред

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече од пратеничката функција.

dobivaj vesti na viber

Координаторот на групата Беким Коќу најави дека во следните денови ќе им се приклучи и десетти член, а се надеваат дека можеби во наредниот период ќе стигнат и до четиринаесет.

Со тоа, во моментот, пратеници од пратеничката група на „Влен“ се Африм Гаши, кој е и претседател на Собранието, Беким Ќоку, координатор на групата, Аднан Азизи, Мерита Колчи-Коџаџику, Имерлије Салиу-Фетаи, Саранда Имери-Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу.

„Го информиравме претседателот на Собранието за членовите на оваа група и побаравме ова реконфигурирање на пратеничката група да се одрази во соодветните работни тела на Собранието. Очекуваме оваа обврска да се исполни во наредните денови“, изјави Коќу.

Тој им се обрати на гласачите, кои ги поддржаа на парламентарните избори, порачувајќи им дека остануваат лојални, доследни и непоколебливи кон програмските определби и изборните ветувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија1 час

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија2 часа

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...

Македонија3 часа

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...

Економија3 часа

Сиљановска има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше сè уште...

Топ4 часа

Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали...

Свет5 часа

ЕУ воведува нов граничен систем: се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС),...

Свет6 часа

Ривалите на Бајден се сомневаат во прикривање на дијагнозата за ракот; Вeнс: Да бидеме искрени

Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера им се заблагодари на своите поддржувачи за „изразите на љубов“ што му ги покажаа...

Свет6 часа

Трамп потпиша закон против порнографијата за одмазда: „Меланија беше клучна“

Првата дама Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, додека тој го потпиша законот со кој...

Европа8 часа

Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за...

Европа8 часа

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да...

Европа8 часа

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите против Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за...

Европа8 часа

Русија се огласи за преговорите: Ѓаволот е во деталите

Процесот на договарање на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде комплициран за Москва и Киев...

Свет19 часа

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крајот на војната

„Само што го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина...

Свет20 часа

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Заврши телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објавија руските државни медиуми. Двајцата лидери разговарале повеќе од два часа,...

Македонија23 часа

Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа

Два месеца по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има...

Македонија1 ден

Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на...

Македонија1 ден

Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни

Полицијата три недели трага по лицата што ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во...