Свет
За да заштеди пари, пијан Австралиец се возел 400 километри под камион

За да заштеди пари за такси и да помине неколку десетици километри бесплатно, пијан Австралиец се притиснал во подвозјето на камион и така се возел неколку стотици километри.
Кога се притиснал во подвозјето на камионот, 43-годишникот имал намера да се симне на семафорите.
Но, возачот фатил зелен бран, кој му овозможил да продолжи да се вози неколку стотици километри.
На крајот, човекот морал да издржи речиси 400 километри.
Тој се надеваше на бесплатно 30-минутно возење до градот Кофс Харбор во Нов Јужен Велс.
Сепак, заврши далеку во Квинсленд, објави новинската агенција ААП.
По четири часа, камионот запрел и во тој момент возачот се изненадил кога видел еден патник, кој излегува од под камионот.
Патникот морал да плати казна од 288 австралиски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со 50 патници исчезна над Русија

Руската контрола на воздушниот сообраќај објави дека изгубила контакт со патнички авион Ан-24 во кој се наоѓале околу 50 лица, објави Ројтерс, повикувајќи се на руски извори.
Според информациите од порталот SHOT, авионот, управуван од авиокомпанијата Ангара, летал кон градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток од Русија, во близина на границата со Кина.
Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред неговата дестинација.
Регионалниот гувернер, Василиј Орлов, изјави дека според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца, и шест членови на екипажот.
„Сите расположиви сили и ресурси се насочени кон потрага по авионот“, напиша тој на Телеграм.
Фото: принтскрин
Свет
Тајландската армија на Фејсбук: Ова е местото кое беше погодено од камбоџанските ракети

Тајландската армија објави фотографии на Фејсбук од местото кое наводно било погодено од ракета од камбоџанските сили.
Во објавата, армијата соопшти дека три лица се повредени откако камбоџански ракети го погодија округот Кап Чоенг во покраината Сурин – област близу до границата меѓу двете земји.
Фото: принтскрин
Свет
Камбоџа: Чинот на Тајланд е брутална и незаконска воена агресија

Министерството на националната одбрана на Камбоџа издаде соопштение во кое го обвинува Тајланд за распоредување преголем број војници, користење тешко оружје и изведување воздушни напади во обид насилно да се заземе територија на Камбоџа, јавува Би-би-си.
Министерството го опиша чинот на Тајланд како „брутална и незаконска воена агресија“ и „очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации, нормите на АСЕАН и основните принципи на меѓународното право“, според извештајот на медиумите Khmer Times.
Исто така тврдат дека тајландските борбени авиони фрлиле две бомби на територијата под контрола на Камбоџа.
„Овие нелегални и неодговорни дејствија не само што претставуваат сериозна закана за регионалниот мир и стабилност, туку и ги поткопуваат темелите на меѓународниот поредок“, изјави портпаролката на министерството Мали Сочеата. Министерството дополнително предупреди дека војската е целосно подготвена да го брани суверенитетот на Камбоџа „по секоја цена“.
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа, објави воен функционер.
Борбите се водат во шест области долж спорната граница, според воениот функционер Сурасан Конгсири. Тројца цивили се тешко ранети, вклучувајќи и петгодишно момче, додаде тој.
Фото: принтскрин