Контакт

Култура

Македонија во Кинотеката повторно му се поклони на својот класик Ацо Шопов

Објавено пред

Во преполната сала на Кинотеката, вчера, Македонија, повторно му се поклони на својот класик Ацо Шопов во годината кога се чествува еден век од неговото раѓање.

dobivaj vesti na viber

На настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ неговиот лик и неговото дело повторно заживеаја преку повеќе неконвенционални и нестандардни медиумски формати. Многуте поклоненици на вредностите на македонската култура и љубителите на поетскиот збор имаа можност повторно да се сретнат со творештвото на Шопов на еден невообичаен начин.

Во присуство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, покровител на националната иницијатива „2023, година во чест на Ацо Шопов“, како и на многубројни претставници на нашите културни и научни институции и на дипломатскиот кор, беа промовирани три нови и во својот вид пионерски книги: „Од онаа страна на Небиднината“ („Дијалог“) од Иван Антоновски, „Песна над песните“ („Сигмапрес“) приредена од Јасмина Шопова и графичкиот омнибус „Небиднина – Not-Being“ („Флип бук букс“) од Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Крсте Господиновски. Книгите се објавени со поддршка на Министерството за култура, на Делегацијата на Европската Унија во РС Македонија и на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.

Во својство на претседател на фондацијата, Светлана Шопова упати до јавноста зборови исполнети со емоции, но и со гордост што јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, нејзиниот животен сопатник, се чествува на достоинствен начин, со настани со богати содржини, со три книги објавени во странство и сега уште три објавени во Македонија.

„Ацо беше голем поет и голем човек, голем патриот и голем граѓанин на светот. За него, татковината беше ‘светот во минијатура, а светот една поширока татковина’. Тоа се препознава во секој негов напишан збор, па затоа и годинава тој се чествува на сите меридијани, од Македонија до американскиот континент, преку Франција, Полска, Тунис, а се разбира и во нашиот регион, од Словенија до Турција, преку Хрватска, Унгарија, Србија…

За да го долови низ маглините на годините ликот на својот сопруг, Светлана Шопова се задржа на етичкиот интегритет на човекот и творец Шопов потсетувајќи на неговите дамнешни зборови, кои и денес одекнуваат со сета своја актуелност: „Сакам и настојувам да ги откријам (…) смислата и целта на човековото постоење во нашето време, на сè она со што се одредува човекот на денешницата, сè што е возвишено и загрижувачко, сите полети и падови, сите спогодби и раздори што човекот ги чини во себе и со себе, но и како човек со човекот, генерација со генерацијата, луѓе со луѓето. Разликите се големи, понекогаш изгледаат непремостливи, но нам ни е пресудено да бидеме заедно, ние стануваме свесни за таа неминовност, чекориме низ својот живот стремејќи се да се најдеме себеси, а ги откриваме другите, чекориме низ туѓиот живот за подобро да го запознаеме, а се откриваме себеси и така (…), со горко но чесно сознание дека тешко може да се согледа крајот на тоа патување доаѓаме до некој гребен на човечноста“.

Светлана Шопова му е соговорник на Иван Антоновски во книгата „Од онаа страна на Небиднината“, во издание на „Дијалог“, на чија корица доминира луцидниот поглед на Шопов, овековечен во неговиот портрет од реномираниот македонски сликар Танас Луловски. Како што оцени универзитетката професорка и книжевна критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска, оваа книга е прослава на дијалогот низ кој се исцртува портретот на македонскиот класик од еден друг агол досега непознат, од една внатрешна перспектива.

„Невообичаена, но искрена, отворена книга, клучна за чување и негување на меморијата не само на Ацо Шопов туку и на еден мошне значаен период од нашата културна историја. Оваа книга е редок и скапоцен дар со кој на читателите им се нуди книжевна, културна и општествена авантура од најпрефинет вид“, истакна Капушевска-Дракулевска.

Во разговорот што таа го поведе со Иван Антоновски тој посочи дека со „Од онаа страна на Небиднината“ првпат се доаѓа до можни одговори на многу досега само отворени прашања и дилеми затоа што се истакнуваат и се согледуваат факти што некогаш биле „закопани во длабока тишина“ за таа сама да ги рече. Како што нагласи, за жал, и покрај вербата на Шопов во моќта на тишината, таа не ги рече сама тие закопани факти или, пак, можеби ги рече, но притоа општествената и културната стварност се оглуши.

„Затоа беше потребно тие факти ,од втората половина на XX век, веќе да се кажат јасно и гласно. Иако на моменти предизвикуваат и многу емоции, исто онолку колку што можеби ќе поттикнат и реакции со можни негодувања… И тоа во време кога ‘небиднинското’ на Шопов, за жал, за нас е многу поактуелно отколку пред шест децении кога тој ја напишал ‘Небиднина’. Оваа книга дојде токму како резултат на обид за ‘откопување на закопаното во тишината’. Но, сега сме пред нов предизвик – дали тие факти повторно ќе ги закопаме во тишината или ќе ги искористиме во натамошните исчитувања и во истражувањата за нашата книжевна и културна историја“, порача Антоновски.

Втората промовирана книга, „Песна над песните“, по ништо не е само уште еден стандарден избор од поезијата на Ацо Шопов, забележа проф. Маја Бојаџиевска, теоретичар на книжевноста и главен уредник на издавачката куќа „Сигмапрес“, која го објави овој несекојдневен избор.

„Со ова издание добиваме повеќе работи одеднаш: најпрвин поезијата на Шопов – и онаа познатата и онаа помалку познатата, која излегува од магмата на времето; потоа контекстуализација на таа поезија преку исказите на самиот Шопов, но и на оние што подлабоко се занимавале со неговото дело и, конечно, добиваме (и не знаејќи) студија за неговиот opus magnum, изработена од раката на неговиот идеален читател, кој е во сенката на зборовите на авторот. Затоа ‘Песна над песните’ претставува и непроценлив прилог кон херменевтиката на македонската културна историја“, нагласи Бојаџиевска.

Вкоричени меѓу суптилниот портрет на поетот од Оља Ивањицки и ракописот на досега необјавените стихови од „Голема е твојата песна“, страниците на „Песна над песните“ отвораат можност за ново читање на делото на Шопов. Тие нудат една глобална слика за поетот кого сите го познаваат како „нежен лиричар“, а чие творештво всушност има далеку пошироки граници, како што објасни Јасмина Шопова, приредувач на книгата, надоврзувајќи се со конкретен пример:

„’Лузна’ од збирката ‘Небиднина’ (1963 г.) е секако една од најзначајните песни на Шопов, која никого не оставила рамнодушен, а сепак ретко кој критичар се нафатил продлабочено да ја анализира. Можеби поради нејзината енигматичност. Во оваа книга таа е поместена во поглавјето, кое условно речено е посветено на детството и во кое може да се прочитаат песни од разни збирки објавувани во текот на три децении. Кога ќе се соочите со ‘Лузна’ во контекстот на тоа поглавје, кога ќе ви се даде можност да ја споредите со стиховите од поемата ‘На Грамос’, објавени во 1950 година, и да прочитате коментари за симболиката на крвта во поезијата на Шопов од автори, како Анте Поповски, Георги Сталев или Ив Бержере, ‘Лузна’ одеднаш ќе ви се покаже не во една нова светлина туку во цела светлосна игра од разни значења и асоцијации. Ваквата структура на книгата овозможува да дојдат до израз едвај видливите нишки, кои ги поврзуваат песните на Шопов, кои се носители на структурата и на хомогеноста на неговото дело и кои во крајна линија го оправдуваат насловот на оваа книга: „Песна над песните“.

„Песна над песните“ и „Од онаа страна на Небиднината“ беа претставени и преку прекрасната уметничка интерпретација на Софија Гогова-Врчаковска и на Емил Рубен, која на најубав начин ги илуструра зборовите на авторите и на промоторите на овие книги.

Одделно внимание предизвика и третата промовирана книга, графичкиот омнибус „Небиднина – Not-Being“, од Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Крсте Господиновски.

На настанот четирите анимирани филмаод омнибусот „Небиднина“ одиграа улога на интерпунција во претставувањето на трите книги и отворија пред публиката нови хоризонти на восприемање и поимање на поезијата на Шопов.

Во фоајето на Кинотеката присутните имаа можност да разгледаат две интересни и богати изложби, кои досега не ѝ биле претставени на пошироката публика во Скопје: „Патот по кој чекорам“, промовирана годинава во УНЕСКО на 21 март, Светскиот ден на поезијата, и „Величенствен поетски мост што ги поврзува сите континенти“, промовирана на годинешните Струшки вечери на поезијата како дел од омажот што фествалот му го посвети на својот прв претседател во далечната 1962 година.

Иако имаат потполно поинаков пристап и различно техничко обликување, и двете изложби ги отсликуваат истите хуманистички идеи и идеали на кои Ацо Шопов им го посветил целиот свој живот преку поетското творештво и општествениот ангажман.

Пред овој настан во Кинотеката, јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов беше одбележан со извонредно богата меѓународна програма на значајни организации и институции како УНЕСКО, МАНУ, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, неговиот роден град. Со ентузијазтичкиот проект на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во јули годинава се одбележаа во ист креативен здив јубилејот на Шопов и комеморацијата на земјотресот од 1963 година.

До крајот на годината македонската публика ќе има можност во уште неколку наврати да се собере околу ликот и делото на македонскиот класик, а на 20 декември, роденденот на Шопов, годината во негова чест ќе се заокружи на уште еден невообичаен начин – неговите „Молитви на моето тело“ ќе заживеат на сцената на Националната опера и Балет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Љутков: Да изградиме индустрија што ќе создава игри со македонски печат и глобален потенцијал

Објавено пред

Денес во Скопје беше отворена првата конференција за развој на видеоигри во Македонија „Game Dev Rev 2025“, во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (MGI).

dobivaj vesti na viber

Со своето обраќање пред присутните, министерот за култура и туризам Зоран Љутков нагласи дека оваа конференција не претставува само промоција на видеоигри, туку е симбол на креативноста, младинската енергија и новата културно-економска реалност за Македонија.

„Дали знаете што имаат заедничко една добра видеоигра и една успешна културна политика?“-праша министерот во своето обраќање. Двете почнуваат со идеја, момент на инспирација, што, ако е поддржан на вистински начин, може да прерасне во нешто големо. Некогаш дури и светски“, рече Љутков.

Министерот посочи дека индустријата за видеоигри денес е една од најбрзорастечките културни и економски гранки во светот, со годишен приход што го надминува оној на филмската и музичката индустрија. Таа индустрија, како што истакна, претставува спој на уметност, технологија, наратив и дизајн, и создава нови можности за младите.

Тој информираше дека Министерството за култура и туризам ја даде својата поддршка за иницијативата на асоцијацијата и за сите професионалци, ентузијасти и визионери вклучени во неа.

„Ова не е само конференција, туку повик до нашите млади креативци, дизајнери и програмери да го препознаат својот потенцијал, да се поврзат, да учат и да создаваат. Тука се гради иднината на македонската гејминг-индустрија,“ рече министерот.

Во своето излагање, министерот се заложи за поголема поддршка на новите културни индустрии, особено оние што го поврзуваат младинскиот потенцијал со глобалните трендови и носат нова економска вредност за земјата.

„Да го искористиме овој почеток за да создадеме заедница што ќе расте и ќе создава игри со глобален потенцијал–но со македонски печат,“ рече Љутков.

На конференџијата особено значајно беше присуството на претставници од Европската федерација за развој на видеоигри, како и поддржувачи од целиот регион и Европа, што претставува силен сигнал дека Македонија се позиционира како активен чинител на дигиталната и креативна мапа на Европа.

Прикажи повеќе...

Култура

Сиљановска-Давкова: Фестивалот „Игор Маџиров“ уште еднаш покажа и докажа дека театарската моќ допира до сите генерации

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на свеченото отворање на четвртото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, којшто под слоганот „Сцена за сечиј сон“, и годинава се одржува под нејзино покровителство.

dobivaj vesti na viber

За неа, фестивалот, иако е насочен кон најпрефинетата и најпробирливата целна група- најмладите, со оригиналниот и искрен пристап ги заведува, радува и восхитува не само нив, туку и возрасните, будејќи го детето во нив.

Според претседателката, името на фестивалот го отсликува и наликува на профилот и сензибилитетот на извонредниот, прерано починат Маџиров, чии незаборавни улоги од него направија театарска легенда.

Акцентирајќи ја не само естетската туку и педагошката мисија на „Театарот за деца и младинци“, Сиљановска-Давкова изрази неизмерна почит кон актерите и сите вработени во театарот кои, од скромен, но топол амбиент, небаре волшебници, создаваат прекрасна сцена, налик на онаа од соништата.

Таа укажа на потребата од нова, пристојна тетарска куќа, обраќајќи се до надлежните институции со зборовите: ,,Уште еднаш посакувам овој минијатурен дом на „Театарот за деца и младинци“ да порасне, како што пораснаа децата кои во изминатите три децении го посетуваа и му се насладуваа. Просторното растење нека соодветствува на потребите на домаќините, но и на гледачите”.

Прикажи повеќе...

Култура

Наградена со Стериина награда, славена во Белград – претставата „Народен пратеник“ на МНТ сега патува за Брчко

Објавено пред

Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври.

Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси половина век традиција, важи за еден од најрелевантните во регионот, познат по специфичниот пристап кон продукцијата, селекцијата и наградувањето на претставите и поединците.

Селектор на годинашното издание е култниот и харизматичен актер и режисер, Ирфан Менсур.

Летово, претставата „Народен пратеник“ доби Специјална Стериина награда за колективна актерска игра во Нови Сад и е сè поактуелна во регионалниот театарски простор.

Веднаш потоа беше изведена и во Народно позориште во Белград, каде Менсур фасциниран од актерската игра ја вклучи претставата во официјалната селекција на фестивалот во Брчко, со зборовите „Значаен пример на сценска интерпретација на класичен текст“.

Режијата на Савин ја задржува суштинската визија на Нушиќ, избегнувајќи радикални режисерски интервенции. Наместо тоа, фокусот е ставен на колективната актерска игра и јасната критика на политичкиот театар, испорачана интелигентно, духовито и трезвено.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска, Александар Михајловски (со снимен глас), како и ансамблот: Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халили.

Ова е трето учество на МНТ на фестивалот во Брчко. Во претходните години, театарот има учествувано со претставите „Народен непријател“ и со „Нема да биде крај на светот“ и двете во режија на Нина Николиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 час

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија2 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија2 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија3 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија3 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет5 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа6 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа6 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет6 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија14 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија17 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија18 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија19 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија20 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија1 ден

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...