Спорт
Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на турнир од светската премиер-лига во Португалија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/thumbnail_makpetrol_tim.jpg)
Последниот собир од серијата турнири на светската премиер карате-лига од денес до 26 ноември ќе се одржи во Матосинхос, Португалија, а на него ќе учествуваат и членови на карате клубот „Макпетрол“.
Тие ќе се натпреваруваат во дисциплинските борби, во конкуренција со 990 спортисти од 70 земји. Тимот ќе го предводи тренерот и натпреварувач Петар Заборски.
Следните каратисти на „Макпетрол“ отпатуваа за Португалија: Петар Заборски (-75 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.) и Викторија Јовановска (-61 кг.).
На првиот турнир од светската премиер карате-лига годинава, што се одржа во Атина, Витомир Трајковски (-84 кг.) се закити со бронзен медал. Минатиот месец на турнирот во Ларнака Петар Заборски (-75 кг.), освои бронза, а Стефан Стојановиќ беше петтопласиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Убиен е поранешниот светски шампион во скок во височина, по него се трагаше две недели
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/zak.jpg)
Поранешниот светски шампион во скок во височина Жак Фрајтаг беше пронајден мртов во вторникот. Јужноафриканските медиуми објавија дека Фрајтаг, кој се водеше за исчезнат две недели, бил пронајден со прострелни рани.
Неговото тело е пронајдено во тревата во близина на гробишта во Преторија Западна, Јужна Африка, а полицијата го третира случајот како убиство, пренесува Ројтерс.
Фрајтаг ги освои светските првенства за млади, јуниори и сениори. На Светското првенство во Париз во 2003 година освои злато во скок во височина. Неговиот рекорд во кариерата беше 2,38 метри.
Спорт
Познати сите четвртфиналисти на ЕУРО 2024: старт во петок
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/r.jpg)
Познати се сите четвртфиналисти на ЕУРО 2024. Тие се Германија, Шпанија, Португалија, Франција, Швајцарија, Англија, Холандија и Турција.
Швајцарците во саботата го елиминираа бранителот на титулата Италијанците, Германците го совладаа дуелот со Данците. И тоа беше првиот ден од нокаут фазата.
Во неделата Англичаните беа блиску до елиминација, но по продолжението ја елиминираа Словачка. Шпанците беа убедливи против Грузија.
Во понеделникот прво Французите ги победија Белгијците, а потоа Португалците ги елиминираа Словенците по вистинска драма и изведување пенали.
Еве ги комплетните резултати од осминафиналето и четвртфиналните двојки.
Осминафинале
29.06. Берлин: Швајцарија – Италија 2:0
29.06. Дортмунд: Германија – Данска 2:0
30.06. Гелзенкирхен: Англија – Словачка 2:1
30.06. Келн: Шпанија – Грузија 4:1
01.07. Дизелдорф: Франција – Белгија 1:0
01.07. Франкфурт: Португалија – Словенија 0:0 – пенали 3:0
02.07. Минхен: Холандија – Романија 3:0
02.07. (21.00) Лајпциг: Турција – Австрија 2:1
Четвртфинале
05.07. Штутгарт: Шпанија – Германија
05.07. Хамбург: Португалија – Франција
06.07. Дизелдорф: Англија – Швајцарија
06.07. Берлин: Холандија – Турција
Сè што се случува во Германија, следете на Топспорт.
Спорт
(Видео) Ед Ширан настапи пред фудбалерите на англиската репрезентација, коментарите се безмилосни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ed-shiran.jpg)
Репрезентативците на Англија се подготвуваат за четвртфиналниот натпревар на Европското првенство против Швајцарија.
Откога ги поминаа Словаците во осмина-финалето, сега ја чекаат Швајцарија, која во осмина-финалето ја исфрли Италија. Герет Саутгејт изјави дека неговите играчи треба малку да се опуштат бидејќи резултатскиот притисок е преголем, па затоа организира концерт во репрезентативниот камп.
Така, Здружението се согласи, Ед Ширан, еден од најпознатите светски музичари, но и голем фан на англиската репрезентација, кој го следи целиот турнир од трибините, да одржи концерт. Коментарите на навивачите на англиската репрезентација на социјалните мрежи се брутални, тие масовно се потсмеваат на овој настан.
Jude Bellingham recording Ed Sheeran performing at the camp🤍 https://t.co/vsxxbBZ0ou pic.twitter.com/0gOODlQEyA
— Ria 🏴 (@itsjudithworld) July 2, 2024
„Герет Саутгејт е единствениот човек во светот кој мисли дека играчите ќе бидат мотивирани од музиката на Ед Ширан“.
„Ед Ширан е ужасен, но играчите на Англија не заслужија подобро со оглед на тоа колку лошо го играат ова Евро“,
„Ние страдавме до сега, сега вие страдајте“,
„Претеравте, тие не беа толку лоши, па да ги мачите“, се само некои од коментарите.