Македонија
(Видео) Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот – да нема технички премиер
ВМРО-ДПМНЕ како најодговорна политичка партија кон граѓаните и државата е спремна да се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот – да нема технички премиер.
ДУИ со месеци е во епицентарот на сите криминални скандали кои ја тресат Македонија, партија во која не остана неискомпромитиран и не криминализиран кадар не може да го даде техничкиот премиер на државата, истакна Миле Лефков пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од Артан Груби и дуќаните на брат му, хотелите на Шапка, и коцкарските закони, до милионските кирии кои ќе ги плаќа Лотарија, до најкриминалниот политичар во Македонија.
Бујар Османи кој сака да остане во ракавици е фатен како дава милионски тендер на партиски донатор на ДУИ.
Семејството на Ахмети плива во бизниси и милионски зделки.
ДУИ е партија која е поим за незаконско работење. Најнов пример за тоа е и непријавениот имот на директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, кој фатен во незаконско постапување ги обвини вработените во инспекторатот затоа што тој не го пријавил имотот. Или поедноставено, кабелот е крив повторно.
И кога ќе сакаат да се вадат низ призмата Албанците се нападнати, нека си признаат дека Албанците 7 години по ред ги напаѓаат токму тие, зошто заради нив Албанците се иселуваат исто како и Македонците. Мајките, сопругите и децата, Албанки исто како и Македонки плачат за своите најмили кои заради нив морале да се иселат од Македонија“, кажа Лефков.
Дополнително, како што вели, мора да се нотира и дека техничките влади се крајно неефикасни и нефункционални, во два наврати во минатото и во 2016 и во 2020 година видовме дека граѓаните имаат повеќе штета.
Според него, време е Македонија да има функционални влади.
Оценува дека граѓаните и државата не треба да ја плаќаат цената на политичките пазарења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

