Свет
Ослободена Палестинка: Ми се закануваа дека не треба да го прославам ослободувањето од затвор

Мара Бекер, која беше уапсена во 2015 година кога имаше 16 години, беше ослободена од израелскиот затвор Офер. Бејкер изјави за Ал Џезира дека на многу од ослободените затвореници им е потребна медицинска помош. Не е јасно зошто Бекер била во затвор.
„Сите затвореници претрпеа тешка медицинска негрижа“, рече таа, додавајќи дека била застрелана во раката при апсењето.
Бекер вели дека утрово била известена дека ќе излезе од затвор.
„Малку сум нервозна и запрепастена. Не можам да верувам дека сум надвор“, рече таа.
Бекер тврди дека полицијата ги известила другите затвореници кои сега се ослободени дека повторно ќе бидат уапсени доколку има некакви прослави и ако се веат знамиња по нивното ослободување.
Нејзиниот татко изјавил за Ал Џезира дека бил повикан во полициска станица претходно денеска и „му се заканувале да не одржува прослави или да покажува знаци на радост“ по ослободувањето на неговата ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.