Македонија
Спасовски: Полицијата со нулта толеранција на сите форми на родово-базирано насилство
Министерот за внатрешни работи Оливер присуствуваше и се обрати на официјалната кампања „Сложувалка“ со која и официјално започнува кампањата 16 дена активизирам против розово-базираното насилство, посветена на подигање на свеста за насилството врз жените и застапување за трансформативен пристап за поддршка на институциите.
Министерот образложи дека изминативе години во светот и кај нас, благодарение на националните и глобални напори, во голема мерка се рушеа предрасудите околу родовото насилство, особено насилството врз жените и девојчињата, за што, меѓу другото говори и тенденцијата што сѐ поголем број на жени се охрабруваат и ги пријавуваат случаите на семејно насилство, наспроти податокот дека до пред 5 години само 2% од жените кои доживеале насилство од партнерот, пријавиле во полиција сериозен инцидент, изјаснувајќи се дека домашното насилство треба да се реши во семејството,
„Колку за илустрација, во контекст на полициското соочување со проблемот на семејното насилство, треба да се истакне дека во периодот јануари-септември 2023 година – на ниво на држава беа евидентирани 875 жртви на насилство од кои 678 се жени, сопруги, вонбрачни сопруги, мајки, ќерки. На овие показатели за истиот период треба да се додадат и 295 жртви на насилство при констатирани и санкционирани прекршоци и 3.776 поплаки против членови на семејството, при што во 2.511 случаи жртвите се жени“, истакна официјални статистики министерот Спасовски
,,Изминативе години, тргнувајќи од низата нови меѓународни и домашни законски промени, МВР организационо, професионално и стручно се прилагоди кон новите трендови и стандарди во третманот на насилството врз жената, поставувајќи стандардни оперативни процедури кои што опфаќаат еден широк спектар на активности, не само за идентификување и управување со ризиците, туку дополнително и за обезбедување на безбедноста на жртвата во сите фази на полициското постапување. Полицијата јасно ги препознава своето место и улога во целиот тој процес на превенција, заштита и гонење на сторителите на насилство врз жени, семејното и родово базирано насилство. И, секако, нашиот стремеж секогаш треба да биде насочен кон апсолутна институционална и кривично-правна нетолерантност кон оваа појава. Значи, несомнено дека полицијата при справување со формите на семејно насилство постапува „репресивно“, согласно своите законски надлежности.“,истакна Спасовски.
На крајот министерот сублимираше дека вистинската ефективност во спречувањето на родовото насилство и насилството врз жената ќе ја очекуваме во оној момент кога суштината на нашите активности ќе биде насочена кон целисходен систем на превентивно делување, а во насока на превенирање на родово базираното насилство.
Практично тогаш ќе изградиме нулта толеранција на сите форми на родово-базирано насилство, рече Спасовски цитирајќи ја глобалната тема за оваа година повика да се обединиме во борбата против насилството врз жените и девојчињата и против сите форми на родово базирано насилство, секој ден – сите заедно!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат
Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој ги посети пунктовите на Македонија пат на планинските превои “Стража” и “Пресека”.
– Денеска сум на терен во увид на активностите на Македонија пат, можам да кажам дека состојбата е добра, сите патишта во државата се проодни. Би сакал да им се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од Македонија пат, кои што даваат се’ од себе, за сите патишта да се проодни и чисти. Тука сме на увид на планинскиот превој “Стража”, претходно бев во увид на патниот превој “Пресека”, и ќе продолжам на уште неколку места, рече Николоски.
Тој упати благодарност до работниците на Македонија пат и упати апел до сите граѓани кои имаат потреба да патуваат, да возат внимателно, да ја прилагодат брзината според условите на патиштата и без исклучок да поседуваат зимска опрема.
– Би сакал да се заблагодарам на сите работници, на сите оние кои што помагаат, да ги замолам сите кои што патуваат, да ги почитуваат прописите и правилата, да користат зимски гуми, секаде каде што е потребно ланци и сета дополнителна опрема и да ја прилагодат брзината. Ние ќе направиме патиштата секаде да се проодни и да не се почувствува или минимално да се почувствува ова невреме кое што ја зафаќа Македонија, апелираше вицепремиерот Николоски.
Македонија
УХМР: Најголема опасност од излевања и заезерувања има во југозападните и западните делови на земјата
Од утринава зголемување на водостоите има во југозападниот дел на земјата, односно на река Коселска, река Сатеска, река Ресенска и на останатите помали реки и суводолици во регионот каде се можни локални излевања на реките и појави на заезерување на водата. Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува реакција на помалите реки и суводолиците, а исто така и во Струшкиот регион каде се можни локални излевања и појави на заезерување во Струшкото Поле заради интеракција на подземните и површинските води, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Исто така, утринава е висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот и можни се локални излевања на реката во тој дел (во Гостиварскиот регион), а можни се појави на заезерување на водата во Полошката Котлина.
Значително е висок водостојот на река Црна во долниот дел од течението и можни се локални излевања на реката и појави на заезерување на водата во Пелагониската Котлина, а исто така и во делови од Битолско-Прилепскиот регион. Во горниот дел од сливот нема позначително зголемување на водостојот но можни се заезерувања во Демир Хисарскиот регион.
Останува висок водостојот на река Треска и таму се можни локални излевања и заезерувања во целиот слив на реката, вклучително и Кичевскиот регион.
Генерално, најголема опасност од излевања и заезерувања има во југозападните делови и западните делови на земјата каде и во текот на денот некаде до 18:00 часот врнежите ќе бидат од дожд и снег и на повисоките места, додека на пониските ќе бидат само од дожд. Во попладневните часови, некаде после 18:00 часот се очекува продор на северен ветер и северно струење на воздухот што ќе придонесе за заладување на времето и врнежите насекаде ќе преминуваат во вид на снег. До тој временски преод останува опасноста од локални излевања и заезерувања на водата пред се во југозападните, западните и северозападните делови на земјата.
Предупредуваме на вниателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден“, се наведува во соопштението на УХМР.
Македонија
Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, информира Државната изборна комисија.
„Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и 2 лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа. Со почеток во 7:00 часот во 7 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор“, велат од ДИК.
Оттаму додаваат дека гласањeто досега се одвива непречено и без проблеми.

