Спорт
(Видео) Јокиќ ефикасен, Денвер декласиран во Хјустон

Кошаркарите на Хјустон ја продлабочија криата на актуелните шампиони Денвер. „Ракетите“ изминатата ноќ славеа убедлива победа 105:86. На Денвер не им помогна ниту најдобрата поентерска партија на Никола Јокиќ од почетокот на сезоната. Српскиот центар постигна речиси половина од поените на Денвер.
Денвер против Хјустон го забележа петтитот пораз во последните седум натпревари. Во исто време Хјустон стави крај на серијата од три порази.
Јокиќ го заврши најдобриот поентерски натпревар од почетокот на сезоната со 38 поени (14/31 шут од поле, 3/9 за три), 19 скока и осум асистенции.
Српскиот кошаркар немаше вистинска поддршка од соиграчите, само Кентавиус Калдвел-Попа имаше 20 поени со пет скока, Мајкл Портер Јуниор постигна 14 поени со седум скока.
Целосно потфрли и клупата на Нагетс кои постигнаа само 10 поени.
„Ракетите“ ги предводеше Џејлен Грин со 25 поени, а одлична улога имаше Алперн Шенгун со дабл-дабл од 21 поен, 15 скока и осум асистенции.
Резултати:
Њујорк – Мајами 100:98
Торонто – Чикаго 121:108
Хјустон – Денвер 105:86
Индијана – Детроит 136:113
Милвоки – Вашингтон 131:128
Минесота – Сакраменто 111:124
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO