Македонија
(Видео) Каевски: Ќе оди ли Мицкоски да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа?

Мицкоски ги сруши сите лажни маски на ДПМНЕ и ја призна желбата за коалиција со Левица. Наутро ДПМНЕ праќа соопштение против Левица а попладне Мицкоски зборува за коалиција со анти ЕУ и анти НАТО партија, кажа пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.
„Бадијала се сите соопштенија на ДПМНЕ, изјавата на Мицкоски ги потопи сите. Остана неодговорени прашањата за кои вредноси е спремен Мицкоски за дилот со Левица. Дали се тоа вредностите на Левица против НАТО или против ЕУ? Или вредностите на диктаторот Енвер Хоџа ќе ги преговара Мицкоски на маса со Левица? Ќе оди ли Мицкоски следната година да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа како што тоа го направи Апасиев?бРадикално вљубени во режим Левица е иста како ДПМНЕ, тие се лонче и капаче. ббА желбата за изолација на земјата и тортура врз неистимисленици им е заедничка матрица“, потенцира Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.
Македонија
Задутре времен застој на ГП „Делчево“ заради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.
Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.
Македонија
Апел за поддршка: Помогнете на ранливите граѓани да аплицираат за субвенција за струја

Инженери на Република Македонија упатија апел до јавноста за помош на ранливите категории граѓани во процесот на аплицирање за финансиска поддршка од Министерството за енергетика. Станува збор за јавен оглас за субвенција од 1.000 денари месечно на сметката за електрична енергија, кој важи 12 месеци.
Апелот е насочен кон инженери, техничари, информатичари и сите граѓани што се снаоѓаат со институционални постапки, да им помогнат на лица со интелектуална или телесна попреченост, целосна слепост или глувост, лица во социјален ризик и сиромаштија, кои се соочуваат со бариери при собирање на документи, пополнување формулари и поднесување на пријави.
Постапката за аплицирање вклучува преземање формулари од www.energy.gov.mk, фотокопирање документи, обезбедување на нотарска изјава и испраќање на пријавата по пошта во затворен плик. Рокот за пријавување е 30 дена од денот на објавата на јавниот оглас.
Според Државниот завод за статистика, над 38.000 домаќинства примаат гарантирана минимална помош, но само околу 4.000 домаќинства ја користат оваа субвенција. Останатите над 90 отсто не аплицираат, најчесто поради технички пречки, а не поради неисполнување на условите.