Спорт
Почина поранешниот селектор на англиската репрезентација
Легендарниот англиски тренер, Теренс Тери Венеблс, почина во саботата на 81-годишна возраст, потврди неговото семејство.
„Ние сме уништени од загубата на прекрасниот сопруг и татко кои починаа вчера по долго боледување. Бараме приватност во овој тежок момент за да жалиме за загубата на прекрасниот човек што имавме среќа да го имаме во нашите животи“, се вели во соопштението на семејството.
Венаблс беше селектор на Англија од 1994 до 1996 година.
Како тренер го предводеше Кристал Палас до титулата во Втората лига на Англија во 1979 година. Тој го повтори истиот подвиг со Квинс Парк Ренџерс во 1983 година.
Венеблс беше шампион на Шпанија со Барселона во 1985 година и го освои ФА Купот со Тотенхем во 1991 година.
Во кариерата играше за Челзи, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Кристал Палас и ирски Сент Патс.
Два пати како фудбалер настапи за репрезентацијата на Англија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.
Спорт
Димитиревски договорил четири годишна соработка со Валенсија
Репрезетативецот на Македонија Столе Димитиревски од наредната сезона ќе го носи дресот на Рајо Ваљекано. Бројни шапнски медиуми и најпознатиот транфер-инсајдер, Фабрицио Романо, објавија дека голманот со Валенсија потпишал четири годишен договор.
Столе Димитриевски по шест сезони, како слободен играч ќе го напушти Рајо Ваљекано. Од „Ваљехас“ ќе замине како голман со најмногу одиграни натпревари во клупската историја.
Во последното коло, против Атлетик Билбао на домашен терен Македонецот по 192. пат ќе застане на голот на Рајо Ваљекано.
Трансферот на Димитриевски значи дека Валенсија ќе ја напушти Грузиецот, Гиорги Мамрдашвили. Од неговиот трансфер Валенсија треба да заработи 30 или повеќе милиони евра.