Спорт
Кин: Тен Хаг зборува глупости
Манчестер јунајтед, неочекувано лесно славеше победа на „Гудисон“ над Евертон (3:0). „Црвените ѓаволи“ се сега шестти во Премиер лигата, со шест бода помалку од лидерот Арсенал.
По победата над Евертон, менаџерот Тен Хаг го пофали тимот, а посебно го истакна капитенот Бруно Фернандеш, кој му дзволи на Рашфорд да го изведе пеналот, по кој Јунајтед поведе со 2:0.
„Можете да видите каков одличен капитен е. Да, мислам на Фернандеш, тој го пушти Рашфорд да го изведе пеналот.
Размислува за другите и е свесен колку му беше потребен овој гол на Рашфорд. Мораме да одиме чекор по чекор. Ова е еден чекор“, рече Тен Хаг.
„Тој вели дека главната работа е што дозволи некој друг да го изведе пеналот. Па, тоа е ѓубре, тоа што тој го зборува е ѓубре“, рече легендарниот капитен на Јуанјтед, Рој Ки и дополни.
„Манчестер јунајтед сега е шести. Кога беа шести пред неколку години беше срамота. Но очигледно сега се задоволни со шестото место. Долг пат треба да поминат за да дојдат во позиција да се натпреваруваат со Манчестер сити, Ливерпул и Арсенал. Освен тоа, треба да ги добиете Тотенхем, Астон Вила, тука е и Њукасл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По три години во пензија, Пике се враќа во професионалниот фудбал
На самиот крај на 2025 година, од Шпанија пристигнува сензационална вест, Џерар Пике реши да се врати во професионалниот фудбал, иако неговата кариера заврши на крајот од 2022 година.
Пике нема да игра во Кралската лига на фудбал 7 на 7, која самиот ја основа, туку се враќа во натпреварувачки ритам, во втората дивизија на Шпанија (Сегунда).
Поранешниот столб на одбраната на Барселона и шпанската репрезентација, потпиша за ФК Андора, клубот што го поседува од 2018 година, кога од петтата дивизија го презеде преку компанијата Космос.
Според каталонските медиуми, Пике би можел да дебитира на 4 јануари 2026 година, на гостувањето против АД Сеута во 20-то коло од второлигашкото натпреварување.
Поранешниот шпански репрезентативец одигра 102 натпревари и постигна пет гола во дресот на „црвената фурија“, а воедно остави неизбришлива трага во Барселона.
За време на збогувањето со фудбалот на „Камп Ноу“ во ноември 2022 година, тој им порача на навивачите дека еден ден ќе се врати, нагласувајќи дека никогаш нема да ја напушти Барселона.
Покрај враќањето на теренот, Пике продолжува да привлекува внимание со своите ставови за модерниот фудбал. Неодамна, во подкастот на Икер Касиљас, тој повторно зборуваше за потребата од промени, сугерирајќи дека натпреварите што завршуваат со резултат 0:0 не носат бодови за ниту еден тим, бидејќи, како што истакнува, фудбалот мора да остане пред сè – забава.
Враќањето на еден од најголемите дефанзивци на Барселона во овој век сигурно ќе го означи почетокот на 2026 година и ќе привлече големо внимание од јавноста и фудбалските фанови низ цела Шпанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Реал без најдобриот ќе влезе во 2026 година
Реал Мадрид во новата 2026 година ќе влезе без својот најдобар играч и стрелец, Килијан Мбапе.
Како што потврдија бројни извори, Мбапе претрпел повреда на лигаментите на коленото, повредата не е сериозна, но тој ќе мора да отсуствува три недели.
Ова значи дека Французинот ќе пропушти најмалку четири натпревари, гостувањето на Бетис на „Сантијаго Бернабеу“, а потоа и турнирот во Суперкупот на Шпанија, полуфиналето со Атлетико Мадрид на 8 јануари, како и потенцијалното финале со Барселона или Атлетик Билбао.
По враќањето од Саудиска Арабија, Реал Мадрид го пречекува Леванте на 17 јануари, а потоа Монако на 20-ти во Лигата на шампионите.
Во најдобар случај, Мбапе ќе биде подготвен за незгодното гостување кај Виљареал на 25 јануари.
Мбапе е најдобриот играч и стрелец на Реал Мадрид, па неговото отсуство ќе биде голем удар за тимот на Чаби Алонсо.
Тој одигра 24 натпревари оваа сезона, постигна 29 гола и додаде пет асистенции.
Во негово отсуство, нападот ќе го предводат бразилскиот тандем Винисиус Жуниор – Родриго, како и младиот Гонзало Гарсија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кансело може да бира, Барселона или Интер
Жоао Кансело, поради лошиот однос што го има со тренерот Симоне Инзаги, донесе одлука да се врати во Европа.
Португалецот, нема долго да биде без клуб, прашање е само што ќе избере. За неговите услуги сериозно се заинтересирани Барселона и Интер.
Каталонците сакаат да имаат алтернатива за Жил Кунде, кој има голем број натпревари во своите нозе, но проблемот е финансискиот фер-плеј.
Затоа, ќе мора да бидат трпеливи за да видат како можат да го решат и да го доведат Кансело.
Ситуацијата внимателно ја следи Интер, кој бара замена за Дензел Дамфрис, бидејќи Холанѓанецот е повреден и нема да биде во тимот неколку месеци. Кристијан Киву инсистира на замена и дал зелено светло, клубот да тргне по Кансело.
Да ве потсетиме дека Португалецот дојде во Ал Хилал, пред 18 месеци од Манчестер Сити за 25.000.000 евра.
Foto/ freerangestock

