Свет
Кина го крие почетокот на новата пандемија, болниците се полни со инфицирани деца, СЗО бара објаснување

Во Кина сè повеќе деца страдаат од респираторни проблеми, СЗО побара објаснување за ваквата состојба.
Поради тоа што првичните вести за коронавирусот од Кина беа нејасни и мистериозни и никој не можеше да претпостави дека ќе дојде до пандемија, веста дека вирусот што ги напаѓа белите дробови се појави во Кина одекна како бомба.
Во исто време мистериозна респираторна болест ги убива кучињата во Америка, пишува „Блиц“.
Заболените деца во Кина имаат необични симптоми, кои вклучуваат пневмонија и висока температура, но немаат кашлица или други симптоми, кои обично се поврзуваат со болеста, грип и други респираторни заболувања, јавуваат светските медиуми.
Сега сите се прашуваат дали Кина прикрива нова епидемија бидејќи оваа земја е жестоко критикувана за прикривањето на епидемијата на птичји грип (САРС) во 2002 година и пандемијата на Ковид-19 на крајот на 2019 година, според „Србија данас“.
СЗО побарала објаснување од официјален Пекинг за овие нови случаи на ширење на инфекцијата кај децата, а наводно им било кажано дека причината за болеста може да биде поврзана со микоплазма пневмонија.
САД и Велика Британија исто така забележаа скокови на болести, како што се респираторни вирусни инфекции и грип по укинувањето на правилата за пандемијата. Светската здравствена организација сепак побара од Кина повеќе информации.
Во северна Кина забележано е зголемување на случаите со симптоми слични на грип од октомври во споредба со истиот период во изминатите три години.
Во исто време стотици кучиња во пет американски сојузни држави, Колорадо, Род Ајленд, Орегон, Њу Хемпшир и Масачусетс, се заразиле со непозната респираторна болест, која експертите се обидуваат да ја разберат.
Многу малку се знае за болеста, но ветеринарите велат дека таа обично почнува со кашлица, која може да трае со недели, а потоа преминува во пневмонија и тежок респираторен дистрес синдром.
Се чини дека болеста не реагира на антибиотици, а во акутни случаи на пневмонија смртните случаи се случуваат за 24 до 36 часа, според Ветеринарното медицинско здружение на Орегон, кое добило повеќе од 200 извештаи за потенцијални случаи.
„Не знаеме што го предизвикува и не можеме со сигурност да кажеме како се пренесува“, изјави Линдзи Ганзер, ветеринар и сопственичка на ветеринарниот центар за упатување „Норт спрингс“ во Колорадо, за „Вашингтон пост“.
Не треба да заборавиме дека експертите веќе подолго време предупредуваат за зоонози. Станува збор за заразни болести предизвикани од бактерии, вируси, габи и паразити, кои се пренесуваат од животните на луѓето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Нападот врз Киев е најтешкиот од почетокот на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на ноќта Киев бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната, додека Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 проектили во масивна офанзива.
Зеленски на мрежата „Икс“ изјави дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировохрад, Николаев и Киев.
Во Киев се оштетени згради во осум области, а спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините на станбена зграда.
„Се уште не е јасно колку луѓе се заробени. Русите уништија цел дел од зградата“, рече Зеленски.
Според досегашните податоци, најмалку 15 лица загинале, а 75 се повредени.
„Сите повредени ја добиваат потребната помош“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски ги нарече нападите „чист тероризам“ и ги повика меѓународните партнери, вклучително и САД и ЕУ, да реагираат поодлучно.
„Путин ја продолжува војната затоа што верува дека може да си ја дозволи. Светот не смее да замижува. Терористите мора да ги почувствуваат последиците, а не невините цивили“, рече Зеленски.
Свет
Иран ја критикува заедничката изјава на Г7

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи ја критикуваше групата Г7 за, како што рече, неуспехот да се справи со незаконската и бесрамна израелска агресија против Иран.
Во изјавата објавена на социјалната мрежа „Икс“, Багаи ја обвини Г7 дека ги игнорирала нападите, за кои Техеран тврди дека резултирале со цивилни жртви и оштетување на јавната инфраструктура.
Лидерите на Г7 вчера во заедничка изјава ја потврдија својата поддршка за правото на Израел на самоодбрана.
„Потврдуваме дека Израел има право да се брани… Иран е главниот извор на нестабилност и терор во регионот“, се вели во соопштението.
Групата повтори дека „Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје“ и повика на решение за иранската криза што придонесува за поширока деескалација, вклучително и прекин на огнот во Газа.
Багаи ги повика постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, особено оние во Г7, да ги исполнат своите законски и морални обврски според Повелбата на ОН.
„Израел започна неиспровоцирана агресивна војна против Иран“, рече Багаи, обвинувајќи го за кршење на членот 2(4) од Повелбата и меѓународните норми кои ги штитат нуклеарните постројки во време на мир.
Тој предупреди дека континуираната неактивност на Советот за безбедност може да го поткопа кредибилитетот на ОН и повика на итен прекин на непријателствата и одговорност за кршење на меѓународното право.
Свет
Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната мрежа „Икс“ ги објави резултатите од тестот за дрога.
„Лол“, напиша Маск споделувајќи фотографија од резултатите од тестот, на која се гледа дека тој не бил позитивен на ниеден од тестираните лекови.
„Њујорк тајмс“ неодамна објави дека Маск за време на минатогодишната изборна кампања зел значителни количини кетамин, „екстази“ и халуциногени печурки.
Маск, извршниот директор на „Икс“, „Тесла“ и „Спејс икс“, претходно јавно изјави дека користи мали дози кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно. „Њујорк тајмс“ ја базира својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе што го познаваат Маск или работеле со него.
„Волстрит џурнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дрога во минатото. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дрога, вклучително и „амбиен“ за лекување проблеми со спиењето.