Свет
Јужнокореец затворен затоа што ја пофалил Северна Кореја во песна
Судот во Јужна Кореја осуди 68-годишен маж на 14 месеци затвор затоа што ја пофалил Северна Кореја во песна.
Во својата песна, објавена во 2016 година во Северна Кореја, Ли Јун Сеоп го промовирал обединувањето на двете земји.
Во песната тој напиша дека доколку двете Кореи се обединат под социјалистичкиот систем на Пјонгјанг, граѓаните ќе добијат бесплатно сместување, здравствена заштита и образование. Тој е осуден според јужнокорејскиот закон, кој забранува јавна пофалба на Северна Кореја, пишува Би-би-си.
Во песната со наслов Means of Unification, Ли исто така наведува дека во обединета Кореја би имало помалку самоубиства и долгови. Неговата песна беше прогласена за една од најдобрите на поетски конкурс во ноември 2016 година.
Ли веќе помина 10 месеци во затвор за сличен прекршок во минатото. Судот во Сеул рече дека Ли продолжил да шири пропаганда во која го величал и го фалел Северот.
„Кореа хералд“ вели дека 68-годишниот маж објавувал коментари на интернет во кои ја пофалил војската на Северна Кореја во 2013 година и продолжил да објавува антидржавни содржини на јужнокорејските блогови и веб-страници во следните години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп би можеле да се сретнат oваа седмица
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп би можеле да се сретнат во Белата куќа уште оваа недела за да разговараат за новиот мировен план, тврдат извори запознаени со преговорите. Киев значително го изменил американскиот предлог, отстранувајќи дел од максималистичките барања на Русија.
Првичниот американско-руски план од 28 точки, составен минатиот месец од специјалниот пратеник на Владимир Путин Кирил Дмитриев и претставникот на Трамп, Стив Виткоф, од Украина барал повлекување од градови под контрола на Киев во Донбас, ограничување на војската и откажување од членството во НАТО.
По неделните преговори во Швајцарија меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, планот бил драстично ревидиран – новата верзија има 19 точки. Киев и европските партнери инсистираат линијата на фронтот да биде почетна основа за територијалните разговори.
Свет
Путин разговараше со Ердоган за американскиот план за Украина
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараа за решавање на конфликтот во Украина, со посебен акцент на американските мировни предлози, но и за билатералните односи меѓу двете земји, пишува руската агенција РИА Новости.
„Беа разменети мислења за ситуацијата околу Украина, вклучително и во контекст на американските предлози за мирно решение“, кратко соопшти Кремљ. Во разговорот, Путин нагласи дека американските предлози, во верзијата што ја доби Москва, го следат правецот на разговорите со американскиот лидер Доналд Трамп одржани во Алјаска на 15 август. Според него, тој план во принцип може да послужи како основа за конечно мирно решение.
Ердоган, од своја страна, ја потврди намерата на Турција да придонесе во процесот на преговори и го понуди Истанбул како платформа за идните разговори. Двајцата лидери се согласија да ги интензивираат руско-турските контакти за мировниот процес на различни нивоа. Турскиот лидер му ги пренесе и на Путин своите впечатоци од самитот на Г20 во Јоханесбург. Како дел од разговорите за билатералните односи, беше потврден интересот за проширување на трговските и инвестициските врски и спроведување на заеднички проекти во енергетскиот сектор.
Минатата недела, американската администрација објави дека работи на мировна иницијатива за решавање на ситуацијата во Украина.
Како што изјави Путин, Москва го има текстот на американскиот план, но за него сè уште не е конкретно дискутирано. Путин рече дека документот може да послужи како основа за конечно решение.
Еден ден претходно, во Женева се одржаа преговори меѓу претставници на ЕУ, САД и Киев, каде што се разговараше за промените направени од европската и украинската страна на американскиот предлог.
Фото: принтскрин
Свет
Британската морнарица пресретна руски бродови во Ламанш
Британски патролен брод пресретна руска корвета и танкер откако ги следел низ Ламанш со денови, соопшти синоќа Министерството за одбрана на Велика Британија. Лондон вели дека руската поморска активност во близина на британските води се зголемила за 30% во последните две години.
Според соопштението, патролниот брод „ХМС Северн“ во последните две недели ги пресретнал руската корвета „Стоикиј“ и танкерот „Јелња“ за време на нивниот премин низ Ламанш. Надзорот над руските бродови потоа го презел неименуван сојузнички брод на НАТО покрај брегот на Бретања.
Покрај бродовите распоредени покрај британскиот брег, Обединетото Кралство испратило и три авиони за надзор Посејдон во Исланд како дел од мисијата на НАТО што патролира во Северниот Атлантик и Арктикот во потрага по руски воени бродови и подморници, според Министерството за одбрана.
„Неодговорно и опасно однесување“
Веста доаѓа само неколку дена откако британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека рускиот шпионски брод „Јантар“ ги заслепил со ласер пилотите на авионите за надзор што ги следат неговите активности крај шкотскиот брег. Лондон го нарече однесувањето на „Јантар“ „неодговорно и опасно“ и рече дека е подготвен да одговори на секое кршење на територијата на Обединетото Кралство.
Руската амбасада во Лондон ги отфрли тврдењата на Хили, обвинувајќи ја британската влада за „поттикнување на милитаристичка хистерија“ и тврдејќи дека Москва нема интерес да ја загрози британската безбедност.
Фото: принтскрин

