Македонија
Нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 20.11.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,436 %, кај дизелот 0,431 %, кај екстра-лесното масло 1,330 % и кај мазутот намалувањето е 0,923 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 1,419 %.
Од 28.11.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,50 (денар/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 76,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 42,517 (денара/килограм)
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалуваат 0,50 денати/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,256 денари/кг и изнесува 42,517 денара/кг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

