Економија
МЗШВ: Почнува аплицирањето за дополнителни директни плаќања за полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат земјоделците производители на полјоделски култури (пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион), градинарски култури, овошје и грозје, дека во тек е поднесувањето барања за дополнителни директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година за следните подмерки:
„Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
„Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
„Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
„Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
„Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“
Земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска форма со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб-страницата од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потребно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР преку пошта или директно до архивата на Агенцијата.
Потсетуваат дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.
Како корисници кај мерката 1.3 се јавуват земјоделски стопанства корисници на подмерката 1.1 „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите полјоделски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун“, кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа мерка се исто така земјоделски стопанства, кои се корисници на подмерката 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, кои своето производство од пченица и јачмен им го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувачницата, во регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Кај подмерките 1.5, 1.9 и 1.13 како корисници се јавуваат земјоделски стопанства, кои се корисници на основните подмерки 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници, 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади и 1.12 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постојни лозови насади и оствареното производство да е предадено на регистиран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или да е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.
Како корисници на подмерката 1.7 се јавуваат земјоделски стопанства, кои имаат засадено површини со градинарски култури, и се корисници на подмерката 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници. Оствареното производство да им е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук, директно, или преку еден регистриран откупувач, во периодот од 26 декември 2022 до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Кај подмерката 1.10 како корисници се јавуваат земјоделски стопанства, кои имаат имаат засадено површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се корисници на подмерката 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постојни овошни насади. Оствареното производство потребно е да биде предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во периодот од 26 декември 2022 до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Како корисници кај подмерката 2.20 се јавуваат земјоделските стопанства, кои се запишани во регистарот на одгледувачниците на пчели и поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упатува апел до сите земјоделци навремено да аплицираат остварувајќи го правото за дополнителни директни плаќања за полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

