Црна хроника
Кривична против 28-годишник, со криминални групи од Турција, Бугарија, Србија и Унгарија планирал пренесување мигранти
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против 28-годишниот А.Ј., поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење на мигранти“, извести МВР.
А.Ј., кој во моментот издржува затворска казна во казнено-поправна установа во Сојузна Република Германија, во периодот од август 2021 година до мај 2023 година, во координација со криминални групи кои делувале на територија на Република Турција, Република Бугарија, Република Србија и Република Унгарија планирал и ја договарал бројката на мигранти од Блискиот Исток кои ќе бидат пренесени од Република Турција или Република Грција кон земјите на ЕУ, велат од МВР.
Исто така, во периодот од април до октомври 2022 година, преку други лица, преку услуга за брз трансфер на пари извршил повеќе трансфери на парични средства во вкупен износ од 6.670 евра кон две лица, кои се претходно пријавени како членови на сузбиена криминална група во 2023 година, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

